Македонија
Фајон – Добра вест за Балканот
„Ова е многу добра вест за државите од Западен Балкан“, изјави европратеничката Тања Фајон, која го подготви Извештајот за визна либерализација, што Европскиот парламент го усвои во четврток со големо мнозинство
„Ова е многу добра вест за државите од Западен Балкан“, изјави европратеничката Тања Фајон, која го подготви Извештајот за визна либерализација, што Европскиот парламент го усвои во четврток со големо мнозинство.
Фајон додаде дека беше изразена голема поддршка, државјаните на Македонија, Србија и Црна Гора во ЕУ слободно да патуваат од 19 декември годинава, а не од при јануари, како што во јуни предложи Европската комисија.
Известувачката Фајон очекува министрите за внатрешни работи на ЕУ на 30 ноември без проблем да го потврдат предлогот за укинување на визите за трите држави од 19 декември, што беше предложено од Словенија.
Европскиот парламент оправдано ја прослави 20-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, рече известувачот за Македонија во ЕП Зоран Талер, додавајќи дека Скопје, Подгорица Белград конечно ќе го прослават падот на речиси 20-годишниот визен ѕид, кој ги делеше од Европската унија.
Изолацијата долга една генерација, почна да остава длабоки последици и крајно време е да заврши, рече Талер, нагласувајќи дека патувањето без визи во ЕУ не е замена за влез во унијата.
Европратеникот Јелко Кацин нагласи дека денешното гласање во ЕП и скорешното укинување на визите е големо достигнување за Македонија, Србија и Црна Гора и сознание дека луѓето од Западен Балкан се добредојдени во ЕУ.
За жал оваа цел се уште не е остварена за скоро десет милиони луѓе во регионот, рече Кацин и ги повика Србија, Црна Гора и Македонија, да им помогнат на Албанија и на БиХ во остварувањето на условите за визна либерализација./крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Објавен јавен повик за субвенции за чистење на оџаци во Општина Гази Баба
Објавен е јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за чистење на оџаците во своите домаќинства, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
„Загадениот воздух е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме. Со редовно чистење на оџаците се овозможува подобро согорување на огревното дрво, намалување на штетните честички ПМ10 и ПМ2.5, поголема заштита од пожари и зачувување на животната средина“, вели Стефковски.
Висината на субвенцијата е 1.200 денари по домаќинство.
Право на учество имаат жители на општина Гази Баба; Домаќинства со исчистен оџак во периодот од објавата на повикот до 30.11.2026; Со фискална сметка и потврда од овластена фирма.
За аплицирање потребно е да се достави барање со потребната документација во архивата на Општина Гази Баба, ул. „Архимедова“ бр.2, секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот.
Повеќе информации и формулари на линкот од јавниот повик.
Македонија
Средба Милошоски – Клајн: Поддршка од Унгарија кон нашите ЕУ интеграции
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, оствари работна средба со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн, придружуван од заменик-шефот на Мисијата, Атила Фодор.
Во разговорот беа потенцирани одличните билатерални односи на нашата земја со Унгарија, засновани на меѓусебна доверба, почит и соработка. Посебен акцент беше ставен на економската и политичката соработка помеѓу државите, како и реализацијата на заеднички проекти.
Амбасадорот Клајн ја истакна поддршката на Унгарија кон нашите ЕУ интеграции, истакнувајќи ја важноста на членството во ЕУ на земјите од Западен Балкан кон стабилноста, безбедноста и економскиот просперитет на Регионот.
Македонија
Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ
Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено е превентивно повлекување од пазарот на одредени серии формули за доенчиња од брендот „Аптамил“.
Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе се повлечени производи опфатени со нотификациите и дека е извршено и нивно отповикување. Повлекувањето се однесува на ограничен број серии кај кои постои можност за присуство на цереулид.
„Производи опфатени со повлекувањето:
· APTAMIL AR 2
Сериски број (лот) Рок на употреба
20250924 / 111492248 24.09.2026
20251106 / 111505015 06.11.2026
· APTAMIL PRONUTRA 2
Сериски број (лот) Рок на употреба
20250619 / 111450979 19.06.2026
20260720 / 111470149 20.07.2026
20260922 / 111494041 22.09.2026
20261027 / 111509436 27.10.2026
20261130 / 111518857 30.11.2026
20261219 / 111526365 19.12.2026
20270121 / 111539141 21.01.2027
· APTAMIL PRONUTRA 1
Сериски број (лот) Рок на употреба
20260722 / 111473082 22.07.2026
20260904 / 111489543 04.09.2026
20261014 / 111504828 14.10.2026
20261126 / 111519122 26.11.2026
АХВ со апел потрошувачите кои имаат купено од наведените производи со дефинираните сериски броеви и рокови на употреба, истите да не ги користат, нештетно да ги уништат, или да ги вратат на местото од каде се купени.

