Македонија
Нови девет хоспитализирани од грипот А(Х1Н1)
Нови девет лица со симптоми на новиот тип на грип, се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминатите 24 часа, соопшти во среда попладне министерството за здравство
Нови девет лица со симптоми на новиот тип на грип, се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминатите 24 часа, соопшти во среда попладне министерството за здравство.
Двајца од вкупно хоспитализираните 29 лица на инфективната клиника се со потешка форма на пнеумонија и се ставени на вештачка вентилација. Станува збор за жена родена 1954 година, која боледувала од хронична срцева слабост и 32 годишен маж, примен завчера со висока температура и отежнато дишење.
Во изминатото деноноќие четворица од постојните пациенти се отпуштени од болница, при што е констатирано целосно повлекување на симптомите на новиот тип на грип. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

