Македонија
Бизнис инкубатори за развој на претприемништвото
Претприемничкиот дух кај младите мора да се развива, а бизнис инкубаторот е вистинското место каде идеите лесно доживуваат реализација. Ова беше кажано на регионалната конференцијата на тема, “Дали бизнис инкубаторите функционираат во земјава”, одржана на Скопскиот Саем.
Претприемничкиот дух кај младите мора да се развива, а бизнис инкубаторот е вистинското место каде идеите лесно доживуваат реализација.
Ова беше кажано на регионалната конференцијата на тема, “Дали бизнис инкубаторите функционираат во земјава”, одржана на Скопскиот Саем.
Инкубаторот има за цел на младите луѓе да им понуди не само простор туку и услови каде ќе можат да го развиваат сопствениот бизнис, рече Љупчо Деспотовски од ПСМ Инкубатор.
Во рамките на нивните канцеларии во склоп на студентскиот кампус во општина Гази Баба веќе успешно функционираат 20-ина компании, од кој најголемиот дел се од ИТ секторот.
“Проектот што го покренавме пред една година веќе ги дава првите резултати. Шансите вашиот бизнис да успее во рамките на инкубаторот се 60-80% бидејќи тука е подршката што ние како фондацијата им ја пружаме на компаниите. Задоволни сме од досегашниот одзив на фирмите, но за жал Македонија заостанува во поглед на другите европски земји, каде бројот на инкубаторите е значително поголем,” рече Деспотовски.
“Во Македонија во моментов функционираат три бизнис инкубатори, кои зависат од странска донаторска помош, а целта е да станат самоодржливи. Затоа е неопходна подршка како од локалната така и од централната власт”-додаде Деспотовски.
На конференцијата говореше и градоначалникот на општината Гази Баба кој рече дека општината ја препознала идејата на младите да се отвори место каде младите ќе го развиваат својот бизнис.
Подршка на проектот дадоа и од Британската амбасада во Македонија и од “Институтот отворено општество”./крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Земјотрес во Охрид
Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

