Македонија
Фудбалското првенство пред длабока криза
Четири екипи од македонската прва лига во неделата не се појавија на фудбалските терени, во знак на протест на реизборот на Харалампие Хаџиристески за прв човек на ФФМ.
Четири екипи од македонската прва лига во неделата не се појавија на фудбалските терени, во знак на протест на реизборот на Харалампие Хаџиристески за прв човек на ФФМ. Само два натпревара се одиграа денеска, додека преостанатите четири средби не се играа.
Само два натпревара се одиграа денеска, дербито Ренова – Работнички 2:0 и Победа – Тетекс 2:0, додека преостанатите четири средби не се одиграа.
Во соопштението до јавноста потпишано од екипите на Македонија ЃП, Слога Југомагнат, Пелистер и Хоризонт Турново, клубовите најавуваат бојкот на првенството се додека нивните барања не се исполнат.
Тие бараат ново Изборно собрание, обвинувајќи дека вчерашното е нелегитимно, поради, според нив, грубото кршење на Статутот на фудбалската федерација.
Незадоволните екипи бараат и формирање на Здружение на екипите во прволигашката и второлигашката конкуренција, како и нивна партиципација во давањето делегати кои ќе учествуваат во работата на Собранието на ФФМ.Преставниците на четирите клуба, очекуваат наскоро уште неколку клубови да им се приклучат кон нивните барања. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

