Македонија
Повисоки плати во образованието од март

Наставничкиот и техничкиот кадар во основните и средните училишта од март 2010 г. ќе добива повисоки плати. Ова во сабота го соопштија на заедничка прес-конференција претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски и министерот за образование и наука, Никола Тодоров
Наставничкиот и техничкиот кадар во основните и средните училишта од март 2010 г. ќе добива повисоки плати.Ова во сабота го соопштија на заедничка прес-конференција претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски и министерот за образование и наука, Никола Тодоров, по потпишување на договорот со кој ќе се зголемат платите на вработените во овие две нивоа на образованието. Зголемувањата ќе се движат од 6-7 отсто за наставниот кадар, 16 отсто за техничкиот персонал со високо образование и околу 28 отсто за другиот технички персонал.„Всушност станува збор за потпишување анекс на Колективниот договор од декември мината година, меѓу СОНК и Министерството за образование и наука“, рече министерот Тодоров.Тој појасни дека зголемувањата ќе почнат од март а не веднаш, заради проекциите на Буџетот.Неговата досегашна реализација, беше попречена, како што заеднички заклучија Тодоров и Цветановски, од објективните економските прилика кои ги наметна глобалната финансиска криза. На прашањето што се донесува до враќањето на наставниците за кои СОНК се жалеше дека се неправедно отпуштени, министерот Тодоров одговори „Јас не сум тој што вработува и отпушта – објаснувајќи дека тие ингеренции се во надлежност на локалните самоуправи – но секаде каде што има простор вршам притисок да се исправи она што е направено надвор од прописите“.Дојчин Цветановски појасни дека од бројката на 60 вакви случаи во септември годинава, досега се решени половината,а дека СОНК ќе врши притисок се’ додека не бидат решени сите преостанати 30-тина случаи./крај/форум/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Привремен режим на сообраќај во Центар поради снимање на филм

Привремен режим на сообраќајот ќе биде воведен вечерва кај Градската болница поради снимање на филмот „Збогум, Копакабано“ на режисерот Милчо Манчевски.
„За потребите на снимањето на филмот ‘Збогум, Копакабано4, во режија на Милчо Манчевски, во продукција на ‘Банана филм’ и во соработка со МВР и ЈП ‘Улици и патишта’, известуваме за шривремен режим на сообраќајот на булеварот 11 Октомври во Скопје, поточно од раскрсницата кај Црвениот крст до раскрсницата кај Градската болница“, велат од ПР-тимот.
Привремениот режим е предвиден за 31.7.2025 (четврток) во времетраење од 22 до 4 часот во раните утрински часови.
Македонија
Активни се три пожари на отворено во Македонија

Утрово се активни три пожари на отворено во Македонија, информира Центарот за управување со кризи.
До 06:30 часот на територијата на Република Северна Македонија имаше вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три се сѐ уште активни, еден пожар е под контрола, а 24 се изгаснати.
АКТИВНИ: 3
1. Општина Василево, Радовиш и Берово
• с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини
• Нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација
2. Општина Прилеп
• с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (под контрола)
• Друг крак кон с. Градешница (опш. Новаци) и трет крак кон граница со Р. Грција
• Не се интервенира поради детонации (мешана шума)
3. Општина Кавадарци
• помеѓу селата Галиште и Ќесендре
• Мешана шума и нискостеблеста вегетација
ПОД КОНТРОЛА: 1
1. Општина Карбинци
• с. Јунузлија (шума)
Македонија
Без струја делови од Сопиште, Аеродром и Студеничани

Без струја денеска ќе останат делови од општините Сопиште, Аеродром и Студеничани.
ЕВН Македонија АД известува дека на ден 31.07.2025 година ( четврток ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 07:00 до 16:00 часот, од последна автобуска станица 24ка до маркет„ДАВИДОВ“ . (општина Сопиште)
– во периодот од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од ул.Ѓорѓи Капчев. (општина Аеродром)
– во периодот од 09:30 до 12:00 часот, дел од корисниците на селото Морани СЕЛОТО МОРАНИ (општина Студеничани)
– во периодот од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од викендици Дражилово, ХПП Патишка Река, Крас Јаболце.(општина Сопиште)