Македонија
Тачи бара воспоставување протекторат во Македонија

Владата на Македонија треба да си поднесе оставка, а меѓународната заедница сериозно да ја разгледа можноста за воспоставување на протекторат во Македонија.
Владата на Македонија треба да си поднесе оставка, а меѓународната заедница сериозно да ја разгледа можноста за воспоставување на протекторат во Македонија.
Ова е реакцијата на лидерот на ДПА, Мендух Тачи по вчерашната одлука на Советот на министри на Европската унија, јави дописникот на Макфакс од Тетово.
Според Тачи, „недобивањето на датум не е губење на шанса, туку претставува губење на сите шанси“,Македонија ургентно мора да направи внатрешен договор со Албанците, изјави Тачи и го повика лидерот на ДУИ Али Ахмети да излезе од владата.
Тачи истакна дека не е изненаден од политичката стратегија на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кои според него, сакале да ја вратат својата историска мисија од пред 100 години, односно Македонија да се приклучела кон Бугарија. /крај/сс/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Од септември за прв пат образовни асистенти ќе има и во основните и во средните училишта, најмногу досега, соопшти МОН

„Во новата учебна година за прв пат образовни асистенти ќе има не само основните, туку и во средните училишта, за што, актуелната Влада предложи, а пратениците усвоија ново законско решение кое значи унапредување на инклузивноста на националниот образовен систем“, велат од МОН
„Веројатно ова е болката во редовите на политичката партија СДСМ, каде откако им пропаднаа обидите да ја манипулираат јавноста со обвинувања дека од септември ќе нема учебници, сега се преориентираат и обидуваат со нови измислици да ги вознемируваат родителите и старателите на учениците со попреченост, а со тоа да влијаат на креирање на јавното мислење за работењето на актуелното раководство на Министерството за образование и наука.
МОН реагира на обвинувањата дека образовните асистенти се отпуштаат од работа и процесот на вработување се партизира, како и дека се ангажираат несоодветни кадри.
Ангажирањето на образовните асистенти е целосно транспарентен процес и не го спроведува министерството, туку го спроведуваат раководствата на основните и средните училишта со ресурсни центри, од кои, дел се поставени токму во времето кога владееше СДСМ, партијата што денес го оспорува нивното работење, додека МОН верува во нивната стручност и професионалност.
Нивниот ангажман е на определено време, а тоа е така затоа што бројот на потребен кадар секоја година е различен и зависи од потребите кои ќе ги пријават родителите/старателите на учениците со попреченост. Секој образовен асистент за секоја следна учебна година, повторно аплицира на јавен повик за да биде ангажиран.
Новото раководство на министерството иницираше проширување на нормативот за овој тип на стручен кадар, за да може да се ангажираат доволно образовни асистенти, лица со соодветно образование и да се задоволат потребите на сите редовни основни, а за прв пат и на редовни средни училишта во кои има ученици со посебни образовни потреби.
На јавно објавените огласи се пријавуваат многу кандидати, а се примаат оние кои ги исполнуваат условите и се најдобро рангирани од страна на комисиите кои, повторно напоменуваме, ги формираат училишните раководства. Како што посочивме, во најголем дел, тоа се кадри кои биле ангажирани и во изминатите учебни години, со оглед дека станува збор за област со кадровски дефицит.
Иако, примарната улога на еден образовен асистент е да обезбедува поддршка на наставникот во начинот на пристапување и задоволување на посебните образовни потреби на учениците во еден клас, сепак, ја разбираме сигурноста на родителите/старателите кога детето има образовен асистент кој целосно му е посветен само нему, секој училишен ден. И затоа, направени се измени на правната регулатива, да се излезе во пресрет на сите ученици, родители/старатели. Училиштата со ресурсни центри согласно законските прописи прават напори образовниот асистент да продолжи да работи со ученикот на кој и до тој момент му обезбедувал асистенција за полесно совладување на наставната материја и секојдневните обврски.
Напоменуваме и дека оваа година за прв пат, огласите за ангажирање образовни асистенти се објавени во месец јуни, за изборот да биде завршен пред почеток на учебната година и навремено да ја започнат својата работа во училиштата.
СДСМ со вакви неосновани обвинувања и лиферување лажни вести за да ја поткопа довербата на јавноста кон институциите, всушност го губи сопствениот кредибилитет меѓу народот. Би било добро да слушнеме некоја конструктивна идеја во следниот период и да видиме прогрес во редовите, наместо да гледаме лет во место“, соопштуваат од МОН.
Македонија
Министерот Мисајловски во официјална посета на Обединетото Кралство

Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со делегација од Министерството утре ќе престојува во официјална посета на Обединетото Кралство, сојузник со кој имаме силна одбранбена соработка.
За време на посетата, во Министерството за одбрана Мисајловски ќе оствари официјална средба со државниот министер, лорд Вернон Коукер, а ќе оствари средба и со специјална претставничка на Обединетото Кралство за Западниот Балкан, дама Карен Пирс.
Во Лондон, министерот Мисајловски заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцински ќе се сретне и со министерот за услуги, мали бизниси и извоз Томас Гарет, извести Министерството за одбрана.
Македонија
„Анима мунди“: Феликс не беше само куче, беше жртва. Стана симбол, а од денес и преседан

„Првпат во Македонија убиство на животно завршува со затворска казна. Основниот кривичен суд – Скопје го осуди Љубе Крстевски на три месеци ефективен затвор за свирепото убиство на Феликс, а неговиот соучесник доби глоба од 1,000 евра“, велат од „Анима мунди“.
„Феликс почина на 7 јануари 2025 година од последици на брутално насилство. ‘Анима мунди’ и ЈП ‘Лајка’ поднесоа кривична пријава, а денес добивме прва пресуда со затвор за убиство на животно. Ја добивме сите ние што не молчевме. Во името на Феликс. Во име на сите животни што никогаш не добиле правда.
Драги хумани граѓани, ова не е само судска одлука. Ова е правна пресвртница. Недоволна – да. Но, гласна, недвосмислена и прва. И нема да остане последна.
Оваа пресуда испраќа суштинска порака: дека животното не е предмет, дека насилството ќе носи последици. Дека владеењето на правото не е празна флоскула, туку мора да има вистинска тежина, особено кога општеството е сведок на системско молчење и отсуство на одговорност. Дека повеќе не може секој монструм да гази, убива и мачи без последици“.
Судијката Лидија Петровска изјави: „Се работи за дело што предизвика висока јавна чувствителност и морална загриженост. Со изрекување ефективна казна затвор се испраќа порака дека ваквите постапки нема да се толерираат“. Порака која е важно да се слушне гласно. Која сакаме да ѕвони во ушите на секој што мисли дека насилството врз животно е ништо“.
Затоа што злосторства нема да остануваат неказнети. Никогаш повеќе. Случајот со Феликс беше тест – за институциите, за моралот, за државата. Денес, системот покажа дека може да биде на страната на хуманоста кога постои волја“, се додава во соопштението на „Анима мунди“.