Македонија
Доделени медали на припадници на АРМ за служба во Ирак

Вкупно 31 припадник на Армијата на Република Македонија денеска беа одликувани со медали за својот ангажман во мировната мисија „Слобода за Ирак“, доделени од Соединетите Американски Држави. Со Медал за заслуги во службата во понеделник се одликувани четири
Вкупно 31 припадник на Армијата на Република Македонија денеска беа одликувани со медали за својот ангажман во мировната мисија „Слобода за Ирак“, доделени од Соединетите Американски Држави. Со Медал за заслуги во службата во понеделник се одликувани четири македонски војници, а 27 од нив со Медал за пофалби. Сите се дел од полкот за специјални операции. За американските државно – воени претставници, ова е доказ за целокупните заслуги на АРМ за учеството во воените мисии во Ирак.“Овие операции во странство му ги покажуваат на светот капацитетите, подготвеноста и определбата на Македонија за Евроатлантска интеграција. Поблизу до дома, Македонија е клучен член на Јадранската група и игра важна улога во проширувањето на програмата во регионот. Македонија продолжува да биде регионален лидер во промовирањето на балканскиот мир и стабилност“, изјави Контра Адмирал Вилијам Браун од Армијата на САД.“Додека оваа церемонија за одликувања им оддава чест на храбрите мажи и жени кои служеа во Операцијата „Слобода за Ирак, треба да се запомни дека Македонија продолжува со поддршка на коалиционите операции во Авганистан, Либан и БиХ со постојан успех“, рече Томас Навратил, заменик – амбасадор на САД во Македонија.За македонскиот воен врв, ова претставува потврда за подготвеноста на Армијата и компатибилноста со водечките сили.“Овој наш придонес е конкретен пример за нашите реформи е доказ за подготвеноста на Македонија за членство во НАТО. Ние не бараме да бидеме наградени, туку да бидеме правилно оценети. НАТО останува наша стратегиска цел“, изјави Зоран Коњановски, Министер за одбрана.„Како резултат на нашата успешна соработка е и планираното распоредување на припадниците на АРМ заедно со припадниците на Националната гарда на Вермонт, кое е планирано да се случи на почетокот од наредната година во мисијата ИСАФ во Авганистан“, изјави Началникот на Генералштабот на АРМ, Мирослав Стојановски.Во името на одликуваните, мајор Стеван Наумовски вети и понатамошна активна улога на македонската војска во мисиите на коалиционите сили.“Како македонски војници ќе се стремиме да станеме синоним за професионалност, за одговорност, за дисциплина, но и за несебична хуманост. Со овие вредности, што ги красат припадниците на полкот за Специјални операции и на АРМ воопшто, ќе се трудиме и понатаму да бидеме лесно препознатливи меѓу другите вооружени сили во светот“, рече мајор Наумовски. АРМ над пет години е дел од мировните коалициски сили во Ирак. Таму во моментов се наоѓа 11-та ротација, по почетокот на учеството на македонската армија во 2003 година./крај/ач
Фото:Филип Поповски/Макфакс
Галерија на фотографии тука>>
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожарот зафати само надворешен дел од дворот на Психијатриската болница Бардовци, нема причина за загриженост, велат од МЗ

По пожарот што вчера зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство ја информира јавноста дека ситуацијата е целосно ставена под контрола и нема причина за загриженост.
Од безбедносни причини, во краток временски период беше спроведена превентивна евакуација на дел од пациентите и вработените. Навремената и координирана интервенција на надлежните служби спречи проширување на пожарот кон болничките објекти. Не е причинета никаква материјална штета врз објектите и не се регистрирани повредени меѓу пациентите и персоналот.
Пожарот зафати само надворешен дел од дворот, обраснат со сува трева и истиот е успешно локализиран.
Во објектите на болницата има присутен дежурен медицински и административен персонал и активно ќе ја следат состојбата.
Македонија
(Видео) Во седум налети хеликоптерот на МВР исфрли 10 тони вода

Вчера полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, а по претходно добиено барање од ЦУК за преземање активности во врска со гаснење на пожар во реонот на Блаце, се упатија со хеликоптерот Бел 412 за извршување на задачата.
Во седум налети хеликоптерот исфрли 10 тони вода, а потоа поради ноќните услови се врати во базата, извести МВР.
Македонија
Нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце

Ноќеска е нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце. Укината е забраната и за товарните моторни возила и за автобусите.
Претходно поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се прошири над магистралниот пат, сообраќајот беше пренасочен за патничките возила, а во прекин беше за товарните моторни возила.
МВР воспостави посебен режим на движење на возила од Граничен премин Блаце кон Скопје.
Сообраќајот за патнички моторни возила беше пренасочен кон село горно Блаце по стариот пат кон село Бањани, Глуво и Скопје.
Воспоставен беше посебен режим на движење на возила и во правец од Скопје кон Граничен премин Блаце.
Сообраќајот од Скопје кон граничниот премин беше пренасочен по регионален пат Р 22 39 кон село Бразда, Село Глуво Горно Блаце.