Македонија
Прирачник за преземање на акционерски друштва
Прирачник со цел да им помогне на компаниите полесно да ја разберат законската постапка за преземање на акционерско друштво со посебни обврски за известување промовиран е во понеделникот.
Прирачник со цел да им помогне на компаниите полесно да ја разберат законската постапка за преземање на акционерско друштво со посебни обврски за известување промовиран е во понеделникот.
Прирачникот го изработи Комисијата за хартии од вредност во соработка со УСАИД-Проект за деловно опкружување.Преземањата на акционерските друштва се законски регулирани и имаат цел да се овозможи заштита на правата на акционерите, особено на малцинските акционери, да нема дискриминација во постапката на преземање и да се обезбедат фер правила за сите учесници, да се информираат вработените во друштвото за причините на преземањето, да се допуштат конкурентски понуди од страна на други понудувачи.
Секое правно или физичко лице коешто се стекнало, или има намера да стекне учество што му обезбедува повеќе од 25% од правата на глас од хартиите од вредност на некое акционерско друштво со посебни обврски за известување треба да се придржува кон начинот и условите, утврдени во Законот за преземање на акционерски друштва.
Прирачникот, заедно со ЦД во кои се содржани и два практични примера на преземање на друштва ќе му бидат бесплатно поделени на секое акционерско друштво со посебни обврски за известување. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

