Македонија
САД сака на Скопје да му ги даде „македонската нација и јазикот“
Администрацијата во Вашингтон сака да го заврши проблемот со името меѓу Скопје и Атина, со име „Република Северна Македонија“, давајќи му на „Скопје“ македонска нација и македонски јазик
Администрацијата во Вашингтон сака да го заврши проблемот со името меѓу Скопје и Атина, со име „Република Северна Македонија“, давајќи му на „Скопје“ македонска нација и македонски јазик.
Ова го пишува грчкиот левичарски весник „Елефтеротипиа“ под наслов „Американска стапица за името“ повикувајќи се на неименувани високи американски дипломатски извори.
Весникот го толкува американскиот предлог како замка за Грција, додавајќи дека дообјаснувањата околу опсегот на името, за кој Грција инсистира да биде „Ерга омнес“ би биле оставени за понатамошниот тек на преговорите.
Елефетеротипиа пишува дека американскиот притисок во последно време е засилен и потсетува на перидот пред Самитот на НАТО во Букурешт.
Весникот додава дека стапицата за Грција која ја подготвува медијаторот на Светската организација за прашањето за името Метју Нимиц, е двете страни да се фокусираат само на прашањето за името, и дека потоа, според речникот (glosssary) на Обединетите Нации јазикот и нацијата ќе бидат означени како македонски, а Грција ќе нема практична можност тоа да го спречи.
Весникот критички се осврнува на потезите на американската администрација во изминативе 10 месеци, односно откако Барак Обама е на власт, и толкувањата на Американците дека Грците во текот на преговорите се неконзистенти и постојано ги поместуваат своите цели ги интерпретира како неточни. /крај/макфакс/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

