Македонија
Забраната за пушење краткорочно ќе го намали прометот во кафеаните
Можно е намалување на приходите кај сопствениците на угостителските објекти, поради Законот за заштита од пушењето, но само краткорочно, вели министерот за здрваство Бујар Османи
Можно е намалување на приходите кај сопствениците на угостителските објекти, поради Законот за заштита од пушењето, но само краткорочно, вели министерот за здрваство Бујар Османи
„Ги разбирам сопствениците на рестораните кои краткорочно може ќе имаат негативен финансиски ефект, меѓутоа, треба и тие сфатат кои се нашите побуди да бидеме строги во тој дел.
Ако го погледнеме искуството во другите земји, и тие сопственици на ресторани на крајот ќе бидат победници во целата оваа ситуација, а граѓаните пак ќе се вратат во рестораните“, изјави Османи за медиумите по обиколката на клиниките во Државниот клинички центар.
Тој очекува поддршка за имплементацијата на Законот кој денеска стапи на сила од граѓаните, од сопствениците на угостителските објекти, како и од медиумите.
Според него, Законот е голем чекор напред, а целта му е хумана, да ги отргнеат пушачите од овој смртоносен порок.
„Сите надлежни органи се подготвени за да можат да го спроведат законот. Неколку инспекторати се вклучени во имплементација на законот и верувам дека и граѓаните и медиумите ќе не поддржат во неговото спроведување“, рече министерот Османи. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

