Македонија
Родилката од Прилеп не била болна од новиот грип
Родилката која што во неделата почина во Прилеп била негативна на новиот вирус А(Х1Н1). Ова во понеделник го потврди министерот за здравство, Бујар Османи.
Родилката која што во неделата почина во Прилеп била негативна на новиот вирус А(Х1Н1). Ова во понеделник го потврди министерот за здравство, Бујар Османи.
„Прелиминарните податоци покажуваат дека лекарите направиле се што е во нивна можност да го спасат животот на младата жена и на детето, меѓутоа жената со тешки здравствени проблеми се јавила касно на лекар“ изјави Османи.
Тој додаде дека треба да се направат дополнителни консултации со матичниот лекар дали имало некој пропуст но апелираше „ризичните групи каде што влегуваат бремените жени во овој период независно дали е поврзано со грипот или не да се јават навремено на лекар“.
Осумнаесетгодишната Ѓулумсер Камберова од село Канатларци вчера беше хоспитализирана во прилепската болница во тешка здравствена состојба. Камберова која била бремена во деветти месец, почина синоќа и покрај обидите на лекарите за нејзина реанимација. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

