Македонија
Православните Христијани го слават Христовото раѓање
“Христос се роди, навистина се роди“ – ова е поздравот со кој православните верници во четврток си го честитаат празникот Божик – денот на Христовото раѓање
“Христос се роди, навистина се роди“ – ова е поздравот со кој православните верници во четврток си го честитаат празникот Божиќ – денот на Христовото раѓање.
Во сите храмови на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија утрово се одржуваат божиќни литургии. Централната богослужба е во Соборниот храм во Скопје.
Основната порака на Божиќ е помирувањето и мирољубието меѓу луѓето. Денот е посветен на љубовта, надежта и семејството. Поради ова, традиционално, празникот се прославува во домашна атмосфера, во кругот на семејството со богата трпеза.
Славењето на Божик започна во среда. Со кршење на лепче со паричка и посна вечера, верниците во домашна атмосфера ја чекаа радосниот вест – раѓањето на Бог Исус Христос.
Божик денеска го прославуваат сите православни цркви што се раководат според Јулијанскиот календар. Христовото раѓање, покрај верниците во Македонија, на 7-јануари го слават и во Србија, Црна Гора, Русија, Украина, Грузија и Египет. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

