Македонија
Почина еден од осудените во Бродец
Почина Ханиф Дервиши (53), еден од осудените во полициската акција „Планинска бура“ во Бродец. Затвореникот починал во 6:30 часот од срцев удар на клиниката во Битола.
Почина Ханиф Дервиши (53), еден од осудените во полициската акција „Планинска бура“ во Бродец. Затвореникот починал во 6:30 часот од срцев удар на клиниката во Битола.
Од Управата за извршување на санкции го потврдија случајот.
„Беше осуден на 10 години поради терористичко организирање и недозволена трговија со оружје. Имаше издржано казна затвор од две години и два месеци. Почина во клиничката болница во Битола од масивен срцев удар“ изјави за Макфакс, Лидија Гавриловска, директорка на Управата за извршување санкции.
Како што изјави Гавриловска, Дервиши се пожалил на болки околу полноќ. Бил пренесен во Клиничката болница во Битола и му била дадена потребната терапија. Во пет часот повторно му се слошило, и по околу еден час и половина, починал.
Во акцијата во Бродец 13 лица беа уапсени, а шест лица загинаа. Ханиф Дервиши беше уапсен како еден од набавувачите на оружје. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

