Македонија
Доделени седум еколошки дозволи
Министерството за животна средина во сабота додели седум интегрирани еколошки дозволи и тоа пет на фирмата „Технички гасови АД Скопје “, и по една на ФЗЦ „11 Октомври“-Куманово и SWISS METHOD од Гостивар.
Министерството за животна средина во сабота додели седум интегрирани еколошки дозволи и тоа пет на фирмата „Технички гасови АД Скопје “, и по една на ФЗЦ „11 Октомври“-Куманово и SWISS METHOD од Гостивар.Согласно стратешката определба на Македонија за членство во Европската Унија, ваквиот тип на дозволи ќе помогне во спречување и контрола на воздушното загадување. „Целта на овој дел од законодавството е преку инегриран и транспарентен пристап да се издаде дозвола со која ќе се опфатат сите аспекти на работа на една компанија. Исто така, со овие дозволи ќе се направи чекор повеќе за воспоставување на рамнотежа во заштитата на животната средина“, изјави министерот за животна средина Неџат Јакупи.До сега Министерството за животна средина има издадено вкупно 17 еколошки дозволи. Од таму најавуваат дека во наредниот период планираат да им издадат дозволи и на рафинеријата Окта, Цементарница Усје, Макстил, Макпетрол и Весна САП. Сите тие што нема да се придржуваат според регулативите на еколошката дозвола, парично ќе се казнуваат, а висината на казната ќе достигнува и до 200 илјади евра./крај/рќ/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

