Македонија
Македонија испрати помош за справување со поплавите во Албанија
Специјални тимови на Дирекцијата за заштита и спасување од недела престојуваат во Албанија каде ќе земат учество во акциите за евакуација и спасување на населението во поплавените
Специјални тимови на Дирекцијата за заштита и спасување од недела престојуваат во Албанија каде ќе земат учество во акциите за евакуација и спасување на населението во поплавените области.
Вкупно 43 волонтери, 21 пумпа за исцрпување вода, осум шатори, десет агрегати и пет чамци ќе учествуваат во акциите во областа Скадар, каде загрозени се повеќе од 15.000 лица, се вели во соопштението на дирекцијата.
Акциите ќе се состојат во евакуација на населението со чамци и нивно згрижување во шатори.
Во понеделник во Албанија се очекува да пристигне и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу кој во соработка со албанската Дирекција за планирање и координација на вонредни состојби ќе ја договори помошта што македонската влада е подготвена да ја пружи за подобрување на состојбите од поплавите./крај/со/вмк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

