Македонија
Македонија ќе ја зајакне комуникацијата со Шпанија
Македонската влада планира да ја засили комуникацијата со Шпанија, со цел создавање што подобра политичка клима за време на претседателството на оваа држава со ЕУ
Македонската влада планира да ја засили комуникацијата со Шпанија, со цел создавање што подобра политичка клима за време на претседателството на оваа држава со ЕУ
Ова во понеделникот го изјави македонскиот премиер Никола Груевски, најавувајќи наскоро посети на државни делегации на Шпанија
„Генерално, шпанското претседателство не може да направи нешто посебно или нешто кој знае што додека не се придвижат процесите во однос на прашањето што го отвори Грција, што го проблематизира нашето име и ние сме свесни за тоа затоа што веќе имаме две големи блокади – блокадата во Букурешт и блокадата во Брисел, во НАТО и во Европската унија, така што ние сме фокусирани на тој дел“, изјави Груевски.
Премиерот најави и посета на Брисел и како што рече главната цел на посетата ќе биде средбата со новиот генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.
Тој изрази очекување дека на средбата ќе биде разговарано за сите досегашни и идни реформи за што поскорешно членство на Република Македонија во НАТО, а исто така и перспективите за прием.
Во врска со обвинувањата од опозицијата за тоа дека ги искористува пензионерите со овозможувањето на бањски престој, тој го негираше тоа и рече дека резултатите ќе бидат видливи во февруари.
За барањата на екс министерот за одбрана Љубен Пауновски за смена на министерот за правда Михајло Маневски, премиерот Груевски не сакаше да коментира. /крај/бд/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

