Македонија
Намален надоместокот за вториот пензиски столб
Надоместок за вториот пензиски столб, што го наплатуваат Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и МАПАС, поефтинува за половина процент.
Надоместок за вториот пензиски столб, што го наплатуваат Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и МАПАС, поефтинува за половина процент. Ваква одлука донесе во средата Министерството за труд и социјална политика, соопштувајќи дека надоместокот од сегашните 1,5 проценти се намалува на 1 процент. Министерот за труд и социјална политика Џељал Бајрами вели дека краен бенефит од ова намалување ќе имаат граѓаните бидејќи помалку ќе им се одбива од годишната членарина од осигурувањето.„Ова намалување на трошоците на системот за државните институции од 33 % претставува значаен сигнал што владата на Македонија го испраќа на пензискиот пазар и истиот дирекно ќе влијае на намалување и на вкупниот надоместок што го наплатуваат пензиските друштва“, изјави министерот за труд и социјална политика Џељал БајрамиСо оваа новина, вкупниот процент за 2010 година што ќе го наплатува МАПАС ќе изнесува 0,8 проценти, а ФПИОМ ќе наплатува 0,2 проценти. /крај/рќ/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

