Македонија
Вевчанци ги протераа лошите духови
Централната манифестација на Вевчанскиот карневал се одржа во среда во Вевчани, јави репортерот на Макфакс.
Централната манифестација на Вевчанскиот карневал се одржа во среда во Вевчани, јави репортерот на Макфакс.
Карневалската поворка започна со уличниот театар, на кој учесниците во карневалот преку маските на симболичен начин го искажаа своето мислење за одредени состојби во Македонија.
„Вевчанскиот карневал отсекогаш на сатиричен начин ги прикажувал работите и тука нема лутење“, изјави на отворањето Лилјана Поповска, претседател на Организациониот одбор на Вевчанскиот карневал 2010.
Според неа, ова е добар пример за развој на руралниот туризам во земјата.Евроамбасадорот Ерван Фуере порача лошите нешта да избегаат од Македонија, а во годината што следи да се случуваат само убави работи.
Креативноста на Вевчанци беше голема.Имаше маски и театар што го критикуваа новиот Закон за пушење, некои се потсмеваа со полицијата, други со политичарите, трети се боксираа, а се некако на смеа…
Ниту студеното време и температурата само два-три степени над нулата не ги спречи посетителите од повеќе делови на земјата, но и од странство, со интерес да ја проследат карневалската поворка.
„Првпат сум тука и навистина е прекрасно.Сум била на неколку светски карневали, но тука некако ми се чини најинтересно, има некој традиционален дух“, вели Лиза Џонс, посетител од САД.
Вевчани живее за карневалот. Вевчанци, ја приредуваат најголемата веселба во чест на празникот Свети Василј Велики, преку маските, сакајќи да ги исплашат лошите сили.
Вечерва забавата продолжува до доцните часови, кога симболично се испраќа старата, а се дочекува Новата година.
Според програмата, во четврток денот започнува со традиционалното Вевчанско оро и ритуалното палење на маските. /крај/ст
Фото: Филип Поповски/Макфакс
Повеќе фотографии од карневалот тука >>
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

