Македонија
Компромитирачките снимки за казнување најматно во декември
Емитувањето на видео материјалот во кој првиот човек на Државниот пазарен испекторат му ветува на сопственик на дискотека дека ќе најде начин на конкурентски клуб да му се пишат казни, е најматен настан во декември.Јавното емитување на снимките, што отвори сомнеж
Емитувањето на видео материјалот во кој првиот човек на Државниот пазарен испекторат му ветува на сопственик на дискотека дека ќе најде начин на конкурентски клуб да му се пишат казни, е најматен настан во декември.Јавното емитување на снимките, што отвори сомнеж за работењето на Државниот пазарен испекторат доби 12 „матни“ гласа во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“, во која учествуваа 20 главни уредници на печатени и електронски медиуми.Првиот човек на инспекторатот Саша Аќимовски беше разрешен од функцијата од страна на Владата, но нема одговор на дилемата кој го прислушувал и дали објавената снимка е веродостојна.Шест „матни“ гласа доби МТВ, која наеднаш им испорача 15 сметки на граѓаните за подмирување на радиодифузната такса.Експертите укажуваат дека јавниот сервис на овој начин го прекршил законот бидејќи им го ускратил правото на граѓаните да плаќаат на еднакви рати.Објавувањето на компромитирачките снимки на „Ју Тјуб“ истовремено е прогласен за најбистар настан во декември, за што се изјаснија 13 уредници.Ова е позитивен пример за тоа како социјалните мрежи можат да се користат во борбата против корупцијата, но и во други облици на незаконско однесување и злоупотреби од администрацијата.Доделувањето на сертификати со добро корпоративно управување за 2009 година со седум гласа се најде на второ место на најбистри настани во декември.Со оваа активност се зајакнуваат стандардите за корпоративно управување и се зацврстуваат севкупните анти-корупциски мерки во приватниот сектор во Македонија.Во анкетата „Бистро – Матно“ учествуваа телевизиите, А1, Алсат, Алфа, Канал 5, Сител, Телма, Наша ТВ, радио Канал 77, дневните весници Бизнис, Вест, Вечер, Време, Дневник, Лајм, Нова Македонија, Утрински весник и неделниците Глобус, Капитал, Фокус и Форум.Анкетата „Бистро – Матно“ како дел од борбата против корупцијата се спроведува пет години./крај/макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

