Македонија
Средба Груевски-Расмунсен
Македонскиот премиер Никола Груевски во петок во Брисел треба да оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен. На средбата се очекува да се разговара за достигнувањата и перспективите на Република Македонија за членство во Алијансата,
Македонскиот премиер Никола Груевски во петок во Брисел треба да оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен. На средбата се очекува да се разговара за достигнувањата и перспективите на Република Македонија за членство во Алијансата, како и за досегашните и идните реформи на земјата во рамките на евро-атлантските интеграции. Премиерот Никола Груевски пред заминувањето за Брисел изјави дека не очекува премногу од средбата со Расмусен, но, нагласи дека таа е многу важна за да може генералниот секретар подобро да го разбере нашиот проблем што го имаме со Грција за спорот околу името.„Моите очекувања од средбата се да поразговараме за проблемот, да ги објаснам позициите на нашата и на другата страна, проблемите со кои се соочуваме и суштината за повеќе да разбере бидејќи, сепак, тој е нов на таа позиција, рече Груевски.Тој најави и дека ќе ја искаже волјата на македонската страна за решавање на спорот и за приклучување во НАТО, како и за продолжување со учеството во мисиите на Алијансата од кои државата не планира да се откаже и покрај грчките блокади
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

