Македонија
Планиран тендер за четврт мобилен оператор во 2010 година

Нов тендер за четврт мобилен оператор ќе биде распишан во текот на 2010 година, соопштуваат од Министерство за транспорт и врски.
Нов тендер за четврт мобилен оператор ќе биде распишан во текот на 2010 година, соопштуваат од Министерство за транспорт и врски. Со цел развој на пазарот на телекомуникации, годинава се планира распишување на тендер и за две нови 3G лиценци, а се планира да започне изградбата на нова мрежа за дигитална радио телевизија преку која дигитално ќе се емитуваат програмските сервиси на јавниот сервис и Собранискиот канал. Од Министерството минатата година во делот на телекомуникациите ја оценуваат како успешна, и информираат за зголемен број на корисници на интернет и на мобилната телефонија. Според официјалните показатели од Државниот завод за статистика и Евростат, во 2009 година 33% од вкупниот број на домаќинства во Македонија користеле широкопојасен интернет, што е преставува зголемување во однос на 2006 година, кога само еден процент широкопојасен интернет. Целта на зголемувањето на бројот на оператори, според Министерството, е намалување на цените на услугите, воведување на нови комуникациски услуги, но и достапност на граѓаните до нови радиодифузни содржини. /крај/цо/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Како во Кочани!“ – О2 алармира за складирање отпад во штала во населена улица во Трубарево

О2 иницијатива реагираше по повод пожарот што денеска избувна во скопското село Трубарево, нагласувајќи дека местоположбата и условите каде што се складира отпадот се недозволиви и опасни.
Од иницијативата алармираат дека чадот од пожарот се шири над Скопје и дека станува збор за складиште со електронски и електричен отпад, сместено во штала во населена улица:
„Како во Кочани со дискотеката! И тоа во населена улица! Добро бе, има ли некој нормален во државава?! Има ли некој што спроведува стандарди и почитува правилници?!“, стои во реакцијата.
Тие додаваат дека жителите на Трубарево со години се жалат дека улицата им е претворена во депонија, откако носачи на отпад од различни делови на земјата го оставаат таму, загадувајќи ја средината.
Во јавноста првично беше објавено дека пожарот избувнал во капацитетите на фирмата „Нула Отпад“, но подоцна стана јасно горат објектите на Ф – ГРУПАЦИЈАТА која се занимава со електронски отпад.
Македонија
(Видео) Драматични снимки од пожарот во Трубарево кадешто горат објекти за складирање на електронски отпад

Сериозен е пожарот што избувна во Трубарево и ги зафати објектите на Ф – ГРУПАЦИЈАТА која се занимава со електронски отпад.
Претходно официјалните лица објавија дека се работи за пожар во „Нула отпад“, но информацијата ја коригираа, потенцирајќи дека нејзините објекти не се зафатени со пожар.
Засега нема информации дали има повредени и колкава штета е причинета, а според видеата може да се забележи дека се работи за интензивен пожар кој е видлив од сите делови од Скопје.
Пожарот се гасне од земја и од воздух.
Македонија
(Видео) Ангелов: Се затрупува изворот на чад во Дрисла, термални камери и патроли во Вардариште, нов пожар избувна во Трубарево

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска информираше за повеќе паралелни интервенции поврзани со пожари на скопските депонии.
Во депонијата „Дрисла“, каде што изминатите денови беше присутно интензивно чадење, Ангелов посочи дека се преземени сериозни мерки:
„Направивме два пристапни земјени патишта до местото кадешто се случува чадењето. Денес, со засилен број механизација – багери, камиони, булдожери – се чисти теренот и се работи на затрупување. Очекувам добар дел од местото во текот на денот да биде целосно затрупано.“
Дополнително, побарана е нова механизација, а се отвора и нов фронт за работа за повеќе градежни машини.
Во депонијата „Вардариште“, каде што исто така имаше чадење претходните денови, ситуацијата е оценета како стабилна, но и таму продолжуваат активностите:
„Се работи на затрупување на локацијата каде што чадеше. Поставени се термални камери со цел навремено да се идентификуваат и пресретнат лица кои евентуално би се обиделе повторно да предизвикаат чадење,“ додаде Ангелов, истакнувајќи дека на терен се и засилени полициски патроли.
„Се работи за сериозен пожар. Хермелините се веќе упатени натаму, едниот од нив е веќе на пат кон Трубарево“, соопшти Ангелов. Ќе се интервенира и од воздух.