Македонија
Милошоски: Грција да ги надмине предрасудите
Би било многу продуктивно доколку Грција ги надмине предрасудите и го признае достоинството и националната посебност на својот помал сосед.
Би било многу продуктивно доколку Грција ги надмине предрасудите и го признае достоинството и националната посебност на својот помал сосед.Ова го изјави македонскиот министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во интервју за бугарската агенција Бгнес, објавено во понеделник.„Од друга страна, Македонија како стабилна земја може да и донесе голема полза на Грција, вклучувајќи го економскиот развој“ рече Милошоски. Шефот на македонската дипломатија изјави дека нашиот јужен сосед досега не го согледува решението, изразувајќи надеж дека еден ден Грција како и Бугарија ќе успее да создаде политика која ќе содржи подалекусежни визии и ќе успее да ги придвижи работите на Балканскиот Полуостров кон подобро.Според Милошоски, во моментот за Македонија приоритет е добивање на датум за преговори за влез во ЕУ и НАТО.Во врска со случајот Спаска Митрова, првиот македонски дипломат изјави дека овој проблем, поради медиумите, излегол од правните рамки и добил поширок обем.„Сепак подобро е овој случај да биде оставен во рацете на судовите, адвокатите и родителите на детето, бидејќи нивната љубов кон своето чедо е еднаква и најдобро е тие сами да одлучат“, изјави Милошоски во интервјуто за Бгнес./крај/бгн/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Агресивен карцином кај 10 годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.
Македонија
Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар за состојбата со Иран
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
– Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, се наведува во соопштението.
Македонија
Почина хирургот и професор Владо Јаневски
По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во приватните здравствени установи.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел.

