Македонија
Експлозија на бомба на излезот од населбата Ченто
Бомба експлодира во вторник попладне во дворот на куќата на семејството Ајети, лоцирана на патот меѓу скопската населба Ченто и селото Арачиново.
Бомба експлодира во вторник попладне во дворот на куќата на семејството Ајети, лоцирана на патот меѓу скопската населба Ченто и селото Арачиново. Според информации на МВР, освен помала материјална штета, нема повредени во инцидентот. Денешниот е втор сличен напад за четири дена. Во четврток бомба експлодира во двор на приватна куќа, лоцирана на улицата Алија Авдовиќ, што за среќа помина само со материјална штета. Полицијата попладнево изврши увид на местото на инцидентот и трага по напаѓачите. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Независниот полициски синдикат против мешање на политиката и партиите во работничкиот протест
Згрозени сме од мешањето на политиката и поддршката која опозициските партии преку повици и мобилизирање на членството оркестрирано ја даваат за денешниот работнички протест кои ние како синдикат го поддржавме, вели Мартин Ефремов, претседател на независниот синдикат на полицијата.
Бараме од ССМ, објави тој на социјалните мрежи, веднаш да излезе со став дека на денешните протести не им се потребни и добредојдени ниту политичарите ниту поддржувачи на политички партии.
„Дека истите тие до пред две години имаа можност да направат нешто повеќе за работникот и дека на државата во моментов не и е потребна нова шарена револуција, туку подобар стандард на граѓаните.
Доколку ССМ не излезе со ваков јасен став само ќе ја потврди изјавата на премиерот дека денешните протести не се протести за плата, туку за политичка пресметка и дека во моментов помеѓу ССМ и СДСМ постои само една буква разлика“, пишува Ефремов.
Македонија
Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавен протест
Денеска со почеток во 17:00 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“, лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“, десно по улицата „11-ти Октомври“, право по улицата „Димитрие Чуповски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до пред Владата.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по горенаведените сообраќајници во град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.
Македонија
Проектот ЕКО Авантура на Изворска Јуниор продолжува!
Детскиот театарски проект на Компанијата Кожувчанка и Изворска Јуниор – „ЕКО авантура“ продолжува низ целата држава. Уште 60 претстави и вкупно 14.000 деца како дел од едукативниот караван!
По извонредниот успех на проектот во Скопје, компанијата Кожувчанка со гордост го најавува караванот кој продолжува низ училиштата и предучилишните установи низ целата земја со нови изведби.
А, „ЕКО авантура“ и натаму ја исполнува својата мисија. Преку театар, интеракција и игра таа ги едуцира најмладите за заштита на животната средина, рециклирање, создава здрави навики и учи на редовна консумација на вода. Претставата е во продукција на Триангл, а во режија на Десанка Глигоријевиќ, која на разбирлив и забавен начин ги поврзува едукацијата и креативноста.
Новата фаза предвидува можност и за двојазична изведба (македонски и албански), со што проектот станува уште подостапен и претставува редок пример на инклузивна, современа и образовна културна практика во земјата.
Како компанија, Кожувчанка со години вложува во општествено одговорни проекти што ги поддржуваат децата, најважните членови на нашето општество и нашата иднина.
„Веруваме дека грижата за идните генерации започнува од најмала возраст, преку знаење, навики и вредности што ќе ја градат нашата заедничка иднина. Затоа се стремиме да ги поттикнуваме најмладите да учат, да истражуваат и да се развиваат со љубов кон природата, здравјето и средината во која живеат“, изјавија од компанијата.
А со „ЕКО авантура“, Кожувчанка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон образованието, инклузијата и одржливоста, поддржувајќи ја најважната задача – да ги подготви децата за подобра и посвесна иднина!
ПР

