Македонија
Краен рок Грција да ги изложи контра-аргументите во спорот за името

Шестмесечниот рок во кој Грција треба да ги достави контра-аргументите во врска со тужбата што Македонија ја поднесе пред Меѓународниот Суд на правдата истекува денеска.Македонските власти поднесоа тужба против Грција поради кршењето на привремената билатерална спогодбата
Шестмесечниот рок во кој Грција треба да ги достави контра-аргументите во врска со тужбата што Македонија ја поднесе пред Меѓународниот Суд на правдата истекува денеска.Македонските власти поднесоа тужба против Грција поради кршењето на привремената билатерална спогодбата, откако земјава беше блокирана по поканата за членство во НАТО, на Самитот во Букурешт во април 2008 година.Македонија своите аргументи до Судот ги поднесе на 20 јули 2009 година и со нив бара Судот да му наложи на јужниот сосед да ги почитува обврските од привремената спогодба која е правно обврзувачка за двете земји.Властите во Атина, се претпоставува дека својата одбрана ќе ја темелат на фактот дека во Букурешт немало вето, туку консензус меѓу земјите членки на Алијансата.Грчките власти досега во медиумите изјавуваа дека имаат контра аргументи со кои ќе се обидат да докажат дека токму македонската страна била таа која со своите постапки ја прекршила спогодбата.Според досегашната пракса на Меѓународниот суд се очекува постапката да трае околу пет години, а донесените одлуки се конечни и правно обврзувачки/крај/а1/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожарот зафати само надворешен дел од дворот на Психијатриската болница Бардовци, нема причина за загриженост, велат од МЗ

По пожарот што вчера зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство ја информира јавноста дека ситуацијата е целосно ставена под контрола и нема причина за загриженост.
Од безбедносни причини, во краток временски период беше спроведена превентивна евакуација на дел од пациентите и вработените. Навремената и координирана интервенција на надлежните служби спречи проширување на пожарот кон болничките објекти. Не е причинета никаква материјална штета врз објектите и не се регистрирани повредени меѓу пациентите и персоналот.
Пожарот зафати само надворешен дел од дворот, обраснат со сува трева и истиот е успешно локализиран.
Во објектите на болницата има присутен дежурен медицински и административен персонал и активно ќе ја следат состојбата.
Македонија
(Видео) Во седум налети хеликоптерот на МВР исфрли 10 тони вода

Вчера полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, а по претходно добиено барање од ЦУК за преземање активности во врска со гаснење на пожар во реонот на Блаце, се упатија со хеликоптерот Бел 412 за извршување на задачата.
Во седум налети хеликоптерот исфрли 10 тони вода, а потоа поради ноќните услови се врати во базата, извести МВР.
Македонија
Нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце

Ноќеска е нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце. Укината е забраната и за товарните моторни возила и за автобусите.
Претходно поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се прошири над магистралниот пат, сообраќајот беше пренасочен за патничките возила, а во прекин беше за товарните моторни возила.
МВР воспостави посебен режим на движење на возила од Граничен премин Блаце кон Скопје.
Сообраќајот за патнички моторни возила беше пренасочен кон село горно Блаце по стариот пат кон село Бањани, Глуво и Скопје.
Воспоставен беше посебен режим на движење на возила и во правец од Скопје кон Граничен премин Блаце.
Сообраќајот од Скопје кон граничниот премин беше пренасочен по регионален пат Р 22 39 кон село Бразда, Село Глуво Горно Блаце.