Македонија
Македонија скокна 22 места според економска слобода
Македонија оствари огромен напредок според Индексот на економоска слобода и во 2010 година се искачи за 22 места во споредба со лани.
Македонија оствари огромен напредок според Индексот на економоска слобода и во 2010 година се искачи за 22 места во споредба со лани.
Во извештајот на „Херитиџ Фондејшн“ и „Волстрит Журнал“, Македонија, со 65,7 индексни поени, се најде на 56 тото место од вкупно 184 земји од светот, Македонија во изминатата година беше рангирана на 78 место, со 61,2 индексни поени, а годинава напредување за 4,5 индексни поени.
Истражувањето на Херитиџ Фондејшн се заснова на 10 параметри: Бизнис слобода, Слобода на увоз-извоз, Фискална слобода, Финансиска слобода, Монетарна слобода, Трошоци на владата, Криминал и корупција, Слобода на инвестирање, Работнички права и Сопственички права.
Македонија најдобро се покажала во делот на фискалната слобода (индекс 89,3) и во слобода на надворешната трговија (83,3), а најлошо е рангирана во делот на корупција (36) и заштита на сопственички права (35).
Единствено Албанија од земјите од регионот се наоѓа пред Македонија, заземајќи го 53 место, а зад нас се рангирани Словенија на 61 место, Црна Гора на 68, Бугарија на 75 место, а Хрватска е за дури 32 места подолу од Македонија. Далеку зад Македонија се Србија на 104 и Босна и Херцеговина на 110 место. На европско ниво од вкупно 43 држави, Македонија се пласира на 26 место.
На првото место на ранг листата што ја изготви Херитиџ Фондејшн за 2010 година се најде Хонг Конг, преземајќи го приматот од Сингапур кој 16 години по ред беше прв на листата според Индексот на слободна економија.
На трето и четврто место се Австралија и Нов Зеланд, а на дното од рангирањето, за 2010 година се најдоа Куба, Зимбабве и Северна Кореја./крај /бгн/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

