Македонија
Угостителите на протест-локалите затворени 24 часа

Во петок во осум часот наутро затворени ќе останат поголем дел од кафулињата и рестораните во земјава како дел од 24 часовниот протест на угостителите против законот за заштита од
Во петок во осум часот наутро затворени ќе останат поголем дел од кафулињата и рестораните во земјава како дел од 24 часовниот протест на угостителите против законот за заштита од пушење.
Претставници на туристичко-угостителската комора(ТУК) ги повикаа угостителите единствено, солидарно и достоинствено да го изразат својот револт од законот кој од стапувањето во сила му нанесе рекордни загуби на угостителскиот сектор.
“Со ова сакаме да предупредиме за последиците што во најмала рака ќе резултираат со затворање на локалите, отпуштање на вработени и колапс на угостителскиот бизнис. Не треба да се биде аналитичар за да се види падот во прометот. Тој во моментов се движи од 40-70 отсто”-рече Дарко Данилов од ТУК.
Од ТУК подготвиле барање за измена и дополнувањеe на законот, но ќе чекаат да помине утрешниот протест, за да видат какви ќе бидат владините реакции.
“Предлагаме да се следи моделот на Португалија и Шпанија кој е најфлексибилен.Тој овозможува во затворените објекти 70% отсто од просторот да биде наменет за непушачи, а 30 за пушачи. Ова подразбира и инсталирање на нови вентилациони уреди со кои воздухот ќе се менува и до 20 пати за еден час”, -додаде Данилов.
Запрашани дека слична регулатива веќе постоеше, од ТУК рекоа дека владата треба да донесе поризгорозни казни за да овозможи почитување на истата.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во среда во Собранието предложи измена и дополнување на законот за заштита од пушење со кој побара тоа да биде дозволено на терасите, летните бавчи и другите објекти што немаат покриви.
ТУК предлогот на ВМРО-ДПМНЕ го оцени како коректен, но не и конечен бидејќи се однесува на период од шест месеци./крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожарот зафати само надворешен дел од дворот на Психијатриската болница Бардовци, нема причина за загриженост, велат од МЗ

По пожарот што вчера зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство ја информира јавноста дека ситуацијата е целосно ставена под контрола и нема причина за загриженост.
Од безбедносни причини, во краток временски период беше спроведена превентивна евакуација на дел од пациентите и вработените. Навремената и координирана интервенција на надлежните служби спречи проширување на пожарот кон болничките објекти. Не е причинета никаква материјална штета врз објектите и не се регистрирани повредени меѓу пациентите и персоналот.
Пожарот зафати само надворешен дел од дворот, обраснат со сува трева и истиот е успешно локализиран.
Во објектите на болницата има присутен дежурен медицински и административен персонал и активно ќе ја следат состојбата.
Македонија
(Видео) Во седум налети хеликоптерот на МВР исфрли 10 тони вода

Вчера полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, а по претходно добиено барање од ЦУК за преземање активности во врска со гаснење на пожар во реонот на Блаце, се упатија со хеликоптерот Бел 412 за извршување на задачата.
Во седум налети хеликоптерот исфрли 10 тони вода, а потоа поради ноќните услови се врати во базата, извести МВР.
Македонија
ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) со загриженост ја следи јавната комуникација на Министерството за здравство, во која се упатуваат апели до медиумите кои се ограничувачки по својата содржина и претставуваат обид за воспоставување на лоша институционална пракса во односите со медиумите.
„Како ЗНМ, го осудуваме обидот на Министерството да наметнува практични правила за тоа како медиумите треба да известуваат, особено кога тоа се однесува на чувствителни настани од јавен интерес. Таквите инструкции, иако формално претставени како апели, во суштина се форма на институционален притисок и можна цензура, што е спротивно на основните демократски принципи и правото на слобода на изразување“, велат од ЗНМ.
Потсетуваат дека членот 16 од Уставот гарантира слобода на јавното информирање и забрана на цензурата, а прашањата поврзани со новинарската етика и професионализмот припаѓаат исклучиво на саморегулаторната сфера. За тие прашања постојат Советот за етика во медиумите и Судот на честа при ЗНМ, кои се единствено надлежни да оценуваат евентуални повреди на етичките норми.
„Ги повикуваме новинарите и медиумските работници да продолжат да известуваат со професионализам, етика и чувствителност, особено кога се работи за трагични настани и ранливи групи. Но истовремено, укажуваме дека секој обид за институционално ограничување на пристапот до информации и начинот на известување е неприфатлив и штетен по јавниот интерес“, велат од Здружнието.
ЗНМ останува отворено за дијалог со институциите со цел унапредување на транспарентноста и заемната соработка, но цврсто стои во одбрана на уредувачката независност, медиумската слобода и правото на јавноста да биде информирана – како темелни вредности на секое демократско општество.