Македонија
Министерот за одбрана на средба со командата на Воено – медицинскиот центар
Преку активна резерва ќе се воспоставува резервен медицински тим на ниво на држава, лесна маневарска полска болница и регионален центар за обука на медицинскиот персонал.
Преку активна резерва ќе се воспоставува резервен медицински тим на ниво на држава, лесна маневарска полска болница и регионален центар за обука на медицинскиот персонал.
Ова било договорено на работниот состанок на министерот за одбрана, Зоран Коњановски со раководителот на новиот воено – медицински центар и со директорот на цивилниот дел на поранешната воена болница за тоа како ќе функционира новиот воено – медицински центар.
„Ние направивме еден анкетен лист и сите оние кои сакаат да преминат во цивилното здравство ќе преминат во него, без разлика дали биле вработени во Министерството за одбрана како цивили или имале високи воени чинови“ вели Коњановски во врска со персоналот кој беше вработен во Воената болница.
„Ќе функционираме како два различни субјекти, но меѓусебно ќе си помагаме“ изјави министерот.
По трансформацијата на Воената болница, 140 вработени остануваа во воената болница, а останатите ќе бидат распоредени во Градската општа болница. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

