Македонија
Дебакл на протестот-угостителите поделени
Протестот на угостителите против законот за пушење денеска доживеа дебакл. Само триесетина сопственици на кафулиња со кафе и цигара во рацете денеска се собраа на плоштадот за да го изразат својот револт од ригорнозниот закон кој стапи на сила пред 20 дена.
Протестот на угостителите против законот за пушење денеска доживеа дебакл. Само триесетина сопственици на кафулиња со кафе и цигара во рацете денеска се собраа на плоштадот за да го изразат својот револт од ригорнозниот закон кој стапи на сила пред 20 дена.
Присутните на собирот обвинија дека голем дел од угостителите во Скопје, кои исто така членуваат во туристичко– угостителската комора(ТУК) во последен момент ја откажале довербата и ги отвориле своите кафулињата.
Организаторите на протестот, рекоа дека сопствениците на кафулињата Тренд, Змија, Филипис, ресторанот Воденица и клубот Колосеум кои биле најгласни во иницијативата за протест, денеска не се појавија и ги отворија своите кафулиња.
Макфакс иако се обиде, не успеа да добие информации од сопствениците на локалите кои денеска работеа и кои беа посочени како едни од иницијаторите на денешниот собир.
Од ТУК не знаат дали станува збор за политички притисок, иако се изненадени од одлуката која во последен момент ја донесоа нивните колеги.
Тие остануваат на ставот за промена на законот според шпанско-португалскиот модел, во кој 70 отсто од локалите ќе биде наменет за непушачи,а 30 за пушачи.
Апелираме до Владата да најдеме заедничко идејно решение, а не парцијално какво што понуди пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која се однесува на период од шест месеци.-рече Феркан Бербери од ТУК.
Во врска со одзивот на денешниот протест, од ТУК рекоа дека на ниво на цела држава 70 отсто од локалите се одзваа на протестот, но потврдија дека дел од локалите од различни мотиви работат вообичаено.
Во понеделник во 13 часот ТУК ќе има уште еден состанок на кој ќе ги договорат понатамошните чекори.
Пратеничката група на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во средата предложи иницијатива за измена и дополнување на законот со кој ќе биде дозволено пушење на терасите и летните бавчи но само за период од шест месеци.
Засега е нејасно дали ваквата одлука можеби влијаеле на дел од иницијаторите да не присуствуваат на протестот и сепак да ги отворат своите локали./крај/вм
Повеќе фотографии тука>>
Фото:Филип Поповски/Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

