Македонија
Доделени 125 стипендии за најдобрите студенти
Најдобрите 125 студенти од сферата на информатичкото општество денеска добија стипендии во висина од по 5500 денари за учебната 2009/10 година.
Најдобрите 125 студенти од сферата на информатичкото општество денеска добија стипендии во висина од по 5500 денари за учебната 2009/10 година.Овој проект на стипендирање на студентите во приватните и државните универзитети од страна на владата и министерството за информатичкото општество има за цел да се стимулираат најдобрите и најуспешните студенти, како и да се доближат младите повеќе до информатичкото општество. Договорите за стиендии ги доделија премеирот на владата Никола Груевски, заедно со министрите за образование и информатичко општество Никола Тодоров и Иво Ивановски.„Ми беше задовоство денес да доделам 125 сипендии на најуспешните студенти за оваа студенска година. Ова е нешто што го имаме ветено во нашата програма во 2006 година дека ќе доделиме вкупно 500 стипендии. Со ова сакамаме не само финскиски да ги подржиме туку и да испратиме еден сигнал за насочување на повеќе млади луѓе во областа на информатиката“, изјави премиерот Никола Груевски
Оваа е трета година како што најдобрите студенти по информатика добиваат парични стипендии. Досега вкупно се доделени 375 стипендии./крај/рќ/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Испукана димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информираше за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места.
„Досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, гласањето се одвива мирно без проблеми. Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, радовишко има едно лице кое го покажало гласачкото ливче на набљудувач.
За сите овие настани, како што вели тој, се преземаат мерки за расчистување на случаите.
„Покрај тоа, на територија на општина Чаир се забележани летоци кои биле оставени на паркирани возила, а исто така се испишани и два графити. На едно гласачко место во Скопје покрај испишаниот графит, од страна на претседател на избирачки одбор е пријавено дека во 6.30 часот во ходникот е пронајдена испукана димна бомба. Веднаш се преземени мерки и активности и на ова место гласањето се одвива непречено“, додава Ангеловски.
Апелира до граѓаните и улесниците на изборите, во текот на гласањетоо, до завршувањето, да се воздржат од било какви инциденти.
Македонија
На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто
До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи на 12,78 отсто.
Најголем е одѕивот во Демир Капија, 23,99 отсто, каде што од вкупно 3.208 граѓани до 11 часот гласале 769.
На седмите претседателски избори во земјава право на глас имаат 1.814.317 граѓани на 3480 избирачки места.
Македонија
Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од
Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски извести дека гласањето се одвива мирно и без неправилности, а техничките проблеми вели дека тековно ги решаваат.
„Пријавени се само технички проблеми, батерија или кабел на биометриските уреди кои ги решаваме во од. Сите гласачки места се отворени и засега нема прекин никаде“, рече претседателот Даштевски.
Одѕивот во првите два и пол часа е 3,85 отсто, но пристигнале податоци од само 832 избирачки места. На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места.