Македонија
Медиумите донатори на партиите, најматно во 2009 година
Медиумите како најголеми донатори на политичките партии во изборните кампањи е најматен настан за 2009 година, додека најбистар е одлуката на Апелациониoт суд да ја укине пресудата со која ЕВН требаше да му плати на ЕЛЕМ 200 милиони евра
Медиумите како најголеми донатори на политичките партии во изборните кампањи е најматен настан за 2009 година септември, додека најбистар е одлуката на Апелациониoт суд да ја укине пресудата со која ЕВН требаше да му плати на ЕЛЕМ 200 милиони евра.
Вака одлучија 17 уредници на електронските и печатените медиуми, кои учествуваа во анкетата Бистро – Матно на Новинската агенција Макфакс и на невладина организација „Транспарентност нулта корупција”.
Резултатите од извештаите на Државниот завод за ревизија за финансиското работење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, според кои медиумите се најголеми донатори на партиите во изборните кампањи, добија десет „матни“ гласа. Според Државниот завод, Канал 5 телевизија и дала попуст на ВМРО-ДПМНЕ од 97% (над 115 милиони денари), додека „А1“ и „Сител“ не доставиле документи.
На второ место, во најматните настани лани, со осум гласа, се најде емитувањето на видео материјалот во кој првиот човек на Државниот пазарен инспекторат му ветува на сопственик на дискотека дека ќе најде начин на конкурентски клуб да му се пишат казни.
Првиот човек на инспекторатот Саша Аќимовски беше разрешен од функцијата од страна на Владата, но нема одговор на дилемата кој го прислушувал и дали објавената снимка е веродостојна.
На третото место со шест гласа во матните настани се владините кампањи, реклами, соопштенија и повици за кои се потрошени 10 милиони евра.
Според извештајот на Државниот завод за ревизија, Владата во 2008 година дури 49 отсто од својот буџет го потрошила за кампањи и реклами. Ревизијата соопшти и за проблематични јавни набавки и вработувања.
Најбистар настан во борбата против корупцијата лани, според уредниците е одлуката на Апелациониот суд да ја укине пресудата со која ЕВН требаше да му плати на ЕЛЕМ 200 милиони евра, која што доби 11 гласа.
Апелациониот суд ја оценил пресудата на основниот суд како контрадикторна, нејасна и без доволно образложени факти.
Со осум гласа на второ место се најде поништувањето на тендерот за двокатни автобуси за скопскиот јавен превоз.
Анкетата „Бистро-Матно“ се спроведува секој месец веќе пет години, на крајот на годината се прави годишна анкета со понудени настани од месечните анкети. Уредниците можеа да гласаат за три матни и три бистри настани.Во оваа годишна анкета учествуваа: телевизиите А1, Алсат – М, Канал 5, Телма и Наша ТВ, радиото Канал 77, весниците Дневник, Вест, Утрински весник, Време, Вечер, Нова Македонија и Бизнис, неделниците Форум, Фокус, Капитал и Глобус./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

