Македонија
Снежен бран од среда ќе ја зафати Македонија
Нови снежни врнежи и продор на студена воздушна маса од северните делови се очекува од среда да ја зафатат Македонија, се вели во вонредната прогноза на УХМР.
Нови снежни врнежи и продор на студена воздушна маса од северните делови се очекува од среда да ја зафатат Македонија, се вели во вонредната прогноза на УХМР.Според метеоролозите наместа ќе се формира и снежна покривка, а поради ниските температури ќе има појава и на голомразица, додека воздушниот притисок ќе има тенденција на нагло опаѓање. Во наредните неколку денови според УХМР, ќе се задржи променливо и студено време со повремени снежни врнежи кои во сабота и недела ќе поминат во врнежи од дожд.Изминатата недела делови од источна и западна Европа се зафатени од снежно невреме и ниски температури кои наместа се спуштија и до 35 степени под нулата.Студеното време однесе и неколку десетици човечки жртви од кои најголемиот дел бездомници.Само во Полска, од ноември се регистрирани 202 смртни случаи поради измрзнување. Студеното време зема жртви и во Германија, Романија, Украина и други европски земји./крај/со/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

