Контакт

Македонија

Снежен бран од среда ќе ја зафати Македонија

Објавено пред

Нови снежни врнежи и продор на студена воздушна маса од северните делови се очекува од среда да ја зафатат Македонија, се вели во вонредната прогноза на УХМР.

Нови снежни врнежи и продор на студена воздушна маса од северните делови се очекува од среда да ја зафатат Македонија, се вели во вонредната прогноза на УХМР.Според метеоролозите наместа ќе се формира и снежна покривка, а поради ниските температури ќе има појава и на голомразица, додека воздушниот притисок ќе има тенденција на нагло опаѓање. Во наредните неколку денови според УХМР, ќе се задржи променливо и студено време со  повремени снежни врнежи кои во сабота и недела ќе поминат во врнежи од дожд.Изминатата недела делови од источна и западна  Европа се зафатени од снежно невреме и ниски температури кои наместа се спуштија и до 35 степени под нулата.Студеното време однесе и  неколку десетици човечки жртви од кои најголемиот дел бездомници.Само во Полска, од ноември се регистрирани 202 смртни случаи поради измрзнување. Студеното време зема жртви и во Германија, Романија, Украина и други европски земји./крај/со/вм



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Димитров во прва работна посета на Париз од формирањето на новата Влада

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Франција.

Ова е прва посета на Париз по формирањето на новата Влада и се реализира во исклучително важен момент за Северна Македонија, во пресрет на дефинирањето на Преговарачката рамка која што треба да ги инкорпорира елементите што произлегуваат од новата Методологија за пристапни преговори, иницирана токму од Франција.

За време на дводневната работна посета на Француската Република предвидени се средби со: државниот секретар за европски прашања во Министерството за Европа и надворешни работи, Клеман Бон; претседателот на Комисијата за европски прашања во Сенатот на Франција, Жан-Франсуа Рапен; Изабел Думон, дипломатски советник за Континентална Европа и Турција во Kабинетот на Претседателот Макрон, Каролин Вино, заменик на Генералниот секетар за европски прашања при Владата на Франција и со Лилиана Танги, пратеничка во Националното собрание.

Во фокусот на разговорите ќе бидат француската поддршка во оваа клучна фаза од нашите евроинтеграции – одржувањето на првата Меѓувладина конференција со ЕУ до крајот на годинава; динамиката на усвојувањето на Преговарачката рамка, а ќе се разговара и за напредокот на Северна Македонија нотиран во Извештајот на Европската комисија, како и за клучните приоритети од ЕУ агендата на кои што Владата ќе биде фокусирана во следниот период.

Прикажи повеќе...

Македонија

Општина Центар ги отстрани нелегалните објекти под мостот кај Железничка станица

Објавено пред

Општина Центар изминатата недела ги отстрани нелегалните објекти во населбата Маџир Маало, поточно под мостот во близина на Железничка.

„На барање на жителите кои живеат во овој дел на општината, отстранети се објекти кои се наоѓаа на просторот веднаш под Железничкиот мост, кој ги поврзува општините Центар и Аеродром. Овој запуштен простор, населен од бездомни семејства и полн со диви депонии, беше извор на загадување и зарази и претставуваше голем проблем на жителите од околните места и на минувачите“, велат од Општината.

Од таму велат дека откако инвеститорите по издаденото решение за самостојно отстранување не ги отстраниле објектите, Секторот за инспекциски работи со помош на механизација пристапи кон присилно отстранување.

„По отстранувањето на објектите, општината го исчисти просторот и дополнително истиот ќе биде уреден. Општина Центар и во наредниот период ќе продолжи со активностите со нелегално изградените објекти и воедно апелира до граѓаните да не градат каде што тоа не е предвидено, да ги почитуваат законите и да се придржуваат до постоечките правилници за градба, со цел заштита на животната средина и со тоа Центар да биде еколошко, пристојно и современо место за престој и живеење“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Домашните слави да се празнуваат исклучиво во кругот на семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Објавено пред

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства во државата ги чествуваат домашните православни празници упатува апел овие празнувања да бидат исклучиво во кругот на членовите на семејството.

„Ескалирањето на состојбата со коронавирусот е проследена со изразена локална трансмисија на вирусот, па секое непочитување на мерките за заштита од здравствените власти и секое собирање луѓе може да биде погубно. Секое семејство што одбележува домашен празник треба да ја препознае опасноста за јавното здравје, кое би ја предизвикало со повикување гости, но и секој добронамерен кон семејството што прославува годинава да се воздржи од физичко присуство. Традицијата не е загрозена, таа ќе опстои, но колективното здравје е во сериозна закана“, се наведува во апелот.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија15 минути

Бензините поевтинуваат

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за половина денар,...

Свет47 минути

Мадуро тврди дека венецуелските научници создале лек против Ковид-19 без несакани ефекти

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека неговата земја дизајнирала „високо ефективен антивирусен лек“ што го десеткува коронавирусот без никакви...

Топ2 часа

(Видео) Пронајдени речиси 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од речиси 100 килограми. Уапсен е турски државјанин, кој дрогата требало...

Македонија2 часа

Домашните слави да се празнуваат исклучиво во кругот на семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства во државата ги чествуваат домашните...

Регион3 часа

Словенија ги заострува мерките, од вечерва нова забрана за движење – се затвораат општините

Поради големиот пораст на инфекции со коронавирус, Словенија ги заострува мерките, така што од вечерва стапува во сила забраната за...

Економија4 часа

Пандемијата ќе фрли во стечај дури 6.000 австриски фирми

Пандемијата на коронавирусот силно ја погоди австриската економија, па в година се очекува да доведе до банкрот на шест илјади...

Европа4 часа

Италија ги затвора баровите и рестораните во 18 часот

Италијанските власти издадоа одредба со која се бара сите барови и ресторани да се затворат до 18 часот, а спортските...

Топ5 часа

Стејт департментот: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот...

Свет5 часа

Над 8.000 новозаразени од коронавирус во Германија

Во последните 24 часа во Германија се потврдени 8.685 случаи на коронавирус. Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, починале...

Економија5 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати, кои ќе важат од полноќ. Минатата недела...

Македонија16 часа

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет17 часа

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија18 часа

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Македонија20 часа

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Регион20 часа

Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот. „Иако РЗИ официјално го укина мојот...

Регион23 часа

Жртвите се скриле во „контејерот на смртта“ во Србија, планирајќи да стигнат до Италија или Белгија

Жртвите кои беа пронајдени во контејнер кој од Србија стигнал во Парагвај се скриле таму со цел да заминат во...

Европа23 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба

Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро. Со...

Регион1 ден

Од денеска во болниците во Словенија само пациенти со корона и итни случаи

Од денеска приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итните случаи и оние кои страдаат...

Топ1 ден

Автомобил прегази 15-годишно дете во Скопје

Петнаесетгодишно дете вчера напладне било прегазено од автомобил на булеварот Александар Македонски во Скопје. Со возилото управувал Т.В. од Крива...

Македонија1 ден

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

На дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот, градоначалникот Петре Шилегов се...

Досие