Македонија
Средства за рурален развој само за 5 субјекти од охридско
Само пет субјекти од Охридскиот регион добија средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2009 година. Четворица се поединечни земјоделци, а петтиот е фирма со земјоделството како основна дејност.
Само пет субјекти од Охридскиот регион добија средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2009 година. Четворица се поединечни земјоделци, а петтиот е фирма со земјоделството како основна дејност.
Според Листата на одобрени барања, Агенцијата за финансиска подршка на земјоделието на сите заедно треба да им исплати околу 30.000 илјади евра или 1.856.883 денари. Најголем дел од овие средства или околу 27.000 евра ќе и припаднат на земјоделската фирма, а другите земјоделци ќе ја поделат останата сума на пари.
Земјоделците средствата треба да ги искористат за инвестиции во модернизацијата на земјоделското производство и за унапредување на руралниот развој.
Програмата за подршка на земјоделството годинава ќе додели средства на вкупно 620 земјоделци и земјоделски фирми на ниво на Македонија. /крај/ohridnews/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

