Македонија
Бекутан на Алкалоид супербренд и во Хрватска
Македонскиот бренд Бекутан на најголемата фармацевтска компанија во државата, Алкалоид, избран е за супербренд на хрватскиот пазар за 2009 година.
Македонскиот бренд Бекутан на најголемата фармацевтска компанија во државата, Алкалоид, избран е за супербренд на хрватскиот пазар за 2009 година.
Успехот е уште поголем ако се има во предвид дека изборот е направен во конкуренција од над 1.000 домашни и странски брендови.
Изборот го организираше Супербренд интернационал, единствен и независен авторитет во областа на брендирањето, што е присутен во повеќе од 80 земји во светот. Алкалоид го доби признанието на гала-свеченост во Загреб. Според Невен Сукаровски, директор на претставништвото на Алкалоид во Загреб, ова признание е уште една потврда дека Бекутан е изграден бренд и во меѓународни рамки.
„Алкалоид е присутен со децении на хрватскиот пазар, а брендот Бекутан веќе 30 години е препознатлив и за хрватските потрошувачи. Станува збор за детска козметика со фармацевтски квалитет, со исклучително висока препознатливост кај потрошувачите, производ со традиција, доверба, лојалност…“, вели Шукаровски.
За него сите производи на Алкалоид се одлично позиционирани на хрватскиот пазар, а кремата Бекутан е апсолутен лидер кај хрватските потрошувачи.
Бекутан е еден од најпрепознатливите македонски брендови на сите пазари во регионот. Доследноста во одржувањето на врвниот квалитет придонесе довербата кон него да се пренесува од генерација на генерација.
„Доказ за одличната позиционираност на Бекутан кај потрошувачите се и признанијата и меѓународните награди кои го следат потрошувачкиот сегмент на пазарите во подолг временски период, информираат од Алкалоид и додаваат дека Бекутан е избран за Супербренд на пазарот во БиХ во 2008 година., а минатата година како апсолутен лидер на пазарот оваа признание го доби и на македонскиот пазар.
Во изборот на хрватските супербрендови учествуваа повеќе од 60 деловни и маркетиншки експерти и повеќе од 23.000 потрошувачи. Се оценува довербата, различноста и емоционалниот набој, односно се што претставува клуч за успехот во едно економско опкружување.
Покрај Бекутан, признанието Супербренд го добија и Конзум, Агрокор, Ледо, Ронхил, Музејот Мимара, Дукат, Дајнер клубот и други.
Од 280 фармацевтски компании во Хрватска, Алкалоид според успешноста во работењето е рангирана меѓу првите 20. Алкалоид во Хрватска веќе се перцепира како домашна компанија и потрошувачите имаат максимална доверба и веруваат во квалитетот на неговите производи. Претставништвото на Алкалоид во Хрватска е едно од најуспешните и има континуиран раст на пласманот од 20 отсто последниве неколку години. /крај/фор/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

