Македонија
Реставрацијата на Широк Сокак ќе заврши годинава
Третата фаза од реставрацијата на улицата Маршал Тито во Битола , позната како Широк Сокак е во крајна фаза и ќе биде завршена оваа година.
Третата фаза од реставрацијата на улицата Маршал Тито во Битола , позната како Широк Сокак е во крајна фаза и ќе биде завршена оваа година.
Ова во петок го соопштија од Заводот и Музеј на Битола под чија надлежност е проектот за реставрација, додавајќи дека на потегот од Камениот мост до Домот на Армијата останаа уште два објекти за реставрација.
“Завршена е реставрацијата на најголем дел од фасадите а минатата година конкуриравме на конкурсот на Министерството за култура на со уште два објекта.“, рече Зоран Николовски директор на Завод и музеј- Битола.
Според директорот засега само е разговарано околу плановите за работа во 2010 г., додека финансиската конструкција се уште не е позната.
„Откако ќе се завршат сите административни работи со Управата за културно наследство од каде ја чекаме дозволата за работа, со конкретни активности ќе почнеме кон крајот на пролетта.“, додаде Николовски./крај/тр/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

