Македонија
Лустрацијата да го опфати и транзицискиот период
Наивно е да се поверува дека инсталациите кои вршеа психолошка и физичка тортура врз нашите семејства, преку ноќ престанаа да дејствуваат со стекнувањето на независноста на државата.
Наивно е да се поверува дека инсталациите кои вршеа психолошка и физичка тортура врз нашите семејства, преку ноќ престанаа да дејствуваат со стекнувањето на независноста на државата.
Со вакви обвинувања во неделата излезе група граѓани, кои се противат на одлуката на Уставниот суд за времена забрана на неколку членови од законот за лустрација, особено во делот во кој што се намалува временскиот период на спроведувањето на лустрацијата.
Тие упатија и писмена иницијатива до политичките партии застапени во Собранието и јавно од нив побараа да ги поддржат во нивното барање за доследно спроведување на лустрацијата.
„Тие истите луѓе кои велеа дека земјава нема да опстои, шпиунираа и кодошеа, а сега бараат да се забрани лустрација, што значи дека некого го боли затоа што треба да биде лустриран. Треба да се знаат оние кои кодошеле, а ги има и во Армијата и во политичките партии, денес седат во Собранието, изјави Митре Богоески.
Богоевски, кој е поранешен вработен во ЈНА, обвинува дека бил прислушуван во 1994 година. /крај/фф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) ДИК: Излезноста на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот е 28,07 проценти
Државната изборна комисија соопшти дека излезноста на повторените избори до 18:30 часот изнесува 28,07 отсто.
По општини:
– Врапчиште: 31,76 %
– Гостивар: 28,22 %
– Маврово и Ростуше: 28,04 %
– Центар Жупа: 13,18 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека поради задоцнето отворање, ќе има продолжување на пет избирачки места, три во Гостивар и две во Маврово-Ростуше. Најдолгото продолжување на гласањето во траење од 2 часа и 45 минути ќе биде на избирачко место 503 во Гостивар.
На избирачкото место 0782 во Ќафа немало гласање бидејќи тоа воопшто не било отворено.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.

