Македонија
Проблемите на неевидентираните Роми се уште се присутни
Проблемот со неевидентираните Роми во Битола се уште е присутен и постојат лица кои не се евидентирани во матичната книга на родените
Проблемот со неевидентираните Роми во Битола се уште е присутен и постојат лица кои не се евидентирани во матичната книга на родените, немаат државјанство, не можат да добијат лична карта, едноставно немаат документација со која би го потврдиле своето постоење.
Невладината организација „Баирска светлина“ беше дел од проектот преку кој се работеше на оваа проблематика.
„Некаде околу 30-40 случаеви се веќе решени, но и покрај тоа, се уште имаме потреба за продолжување на проектот за да се добие документација на овие лица кои не се пријавени, изјави Ремзи Медик од НВО „Баирска светлина“.Најголем проблем биле непријавените новороденчиња, а по него неурбанизираните заедници.
„Голем дел од Петочна вода не е урбанизиран и немаат соодветни документи за добивање лична документација. Во СВР се соочуваме со проблем бидејќи им бараат тапија од куќата, вели Медик.
Немањето лична документација прави проблем и при запишувањето во училиште.
„Без изводи и потребна документација за упис во образованието не можат да се запишат. Наш приоритет беше да се обезбедат изводи за тие деца да влезат во образовниот систем, започнавме со листа на луѓе кои ни се приоритетни“ вели Медик.Во Македонија, 95 отсто од неевидентирани лица припаѓаат на ромската популација. /крај/мб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Николоски: Интензиво работиме на реконструкцијата на превојот Пресека во должина од 11 километри
Интензивно работиме на рехабилитација на превојот Пресека и очекувам до месец февруари целиот патен правец да биде завршен и да ја подигнеме безбедноста во сообраќајот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Вицепремиерот Николоски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, пратеникот Ѓорѓи Сајкоски и градоначалниците од Кичево и Дебрца извршија увид на градежните работи на превојот Пресека.

Тој потенцира дека се работи за проект за рехабилитација на 15 километри патен правец, што е од огромно значење за подобрување на безбедноста во патувањето и ќе го олесни поврзувањето на главниот град со Охрид и Струга.

„Се работи на 11 километри кои целосно се рехабилитираат. Можам да кажам дека во однос на рехабилитацијата на патниот превој Пресека, кој што претставува главна артерија, не само за спојување на Кичево со Охрид и Струга, туку генерално и за спојување на Скопје со Струга и Охрид, се работи со одлична динамика и до февруари месец би требало целиот патен правец да е завршен, што многу ќе помогне додека не се пушти целиот автопат Охрид-Кичево, побезбедно и побрзо да се патува, имајќи предвид дека патниот превој Пресека беше во една навистина катастрофална состојба“, изјави вицепремиерот Николоски.

Македонија
Намалена видливост на неколку патни правци
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците на улица Христо Татарчев 14 према објект со куќен број 30. (општина Кисела Вода)

