Македонија
Друцас: Нашите црвени линии се познати

Волјата и желбата за надминување на спорот со името, како и нашата црвена линија во однос на ова прашање се познати. Ова во вторник од Вашингтон го порача алтернативниот шеф на грчката дипломатија Димитрис Друцас по средбата со американскиот државен секретар Хилари Клинтон.
Волјата и желбата за надминување на спорот со името, како и нашата црвена линија во однос на ова прашање се познати. Ова во вторник од Вашингтон го порача алтернативниот шеф на грчката дипломатија Димитрис Друцас по средбата со американскиот државен секретар Хилари Клинтон. „За мене ова беше одлична можност да ги повторам позициите за прашањата од особен грчки интерес. Во врска со прашањето на Кипар сме сведоци на важна фаза, во односите со Турција нашите напори за нов пристап и соработка се познати, за прашањето за името на ПЈРМ грчката волја и желба за решение е позната, исто како што грчката национална црвена линија е позната. Исто така е важно САД да ги знае нашите позиии по сите овие прашања, со цел да се запознаени со нашиот пристап кон нив, во рамките на соработката меѓу двете земји, соработка на рампноправна основа меѓу два сојузници и партнери“, изјави Друцас по средбата со Клинтон. Друцас во вторник ја започна неколкудневната посета на САД, во рамките на која на 4-ти февруари ќе оствари средба со Генералниот Секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-Мун. /крај/ана-мпа/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јаневска потпиша протокол: Македонија и Турција ќе разменуваат наставно – научен кадар, ученици и студенти

Македонија и Турција ќе потпишат протокол за соработка во областа на науката, технологијата и иновациите. Дефинирањето на содржината на документот е во финална фаза и за истиот се дискутираше на денешната средба помеѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и турскиот амбасадор Фатих Улусој.
„Двете страни изразија подготвеност процесот да биде заокружен до крајот на годината, а потпишувањето на протоколот ќе ги зајакне односите помеѓу двете држави и ќе обезбеди поголема соработка помеѓу образовните и научните установи, размена на наставно – научен кадар, ученици и студенти“, велат од Министерството за образование.
За време на средбата, министерката Јаневска го претстави концептот за основање на првиот технолошки парк во Скопје, а турската страна изрази подготвеност да ја поддржи реализацијата на оваа идеја преку претставници на турската бизнис заедница во Македонија.
На средбата се зборуваше и за унапредување на наставата на турски јазик во Македонија која ја следат над 8000 ученици, преку повеќе обуки за наставникот кадар и вложување во додатни наставни помагала и опрема.
Македонија
Ноќеска Итната помош 13 пати интервенирала во Трубарево, едно лице е пренесено на Токсикологија

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево се извршени 13 интервенции од Итната медицинска помош, при што едно лице е транспортирано во болница и извршен е транспорт на неподвижно лице до друго населено место, извести денес министерот за здравство Азир Алиу.
„Од извршените интервенции на Итната медицинска помош, само едно лице е транспортирано во јавна здравствена установа, на Клиниката за токсикологија. Воедно, кризниот штаб кој веднаш како Министерство го формиравме, континуирано заседава и во следниот период ќе се преземаат соодветни мерки согласно околностите“ вели министерот Алиу.
Директорот на Клиника за токсикологија, Арѓенд Имери, извести дека пациентката која во текот на ноќта е примена на Клиниката за токсикологија е во добра состојба.
Пациентката имала и други пропратни симптоми и од тие причини е задржана на лекување, но сега е во добра состојба.
Директорот Имери кажа дека денес амбулантски биле прегледани и пуштени дома уште тројца пациенти.
Македонија
Со дрон најдени и спасени тројца мотоциклисти, кои се изгубиле на планината Осогово

Вчеравечер, во полицијата во Штип, Регионалниот центар за гранични работи Исток пријавил дека тројца мотоциклисти, македонски државјани, пријавиле дека се изгубени на планината Осогово, над селото Саса, општина Македонска Каменица, во близина на државната граница со Република Бугарија. Мотоциклистите побарале помош преку бројот 112.
„Остварен е контакт со лицата и лоцирани се во шумскиот предел на непристапен терен на оддалеченост од 1.000 метри, над манастирот ‘Св. архангел Михаил’ во селото Саса. Со помош на дрон од Регионалниот центар за гранични работи Исток лицата се пронајдени во добра здравствена состојба и донесени се во Македонска Каменица, каде што е утврдено дека се работи за Г. Д. (38) од Скопје, К. Н. (38) од Гевгелија и Д. П. (31) од Скопје“, соопшти МВР.
Мотоциклистите не побарале лекарска помош, туку, по спасувањето, си заминале со мотоциклите.