Македонија
Османи: Ќе се набават нови колоноскопи и акцелератор
Процесот за набавка на колоноскопи е при крај, Ова го изјави министерот за здравство Бујар Османи.
Процесот за набавка на колоноскопи е при кра, Ова го изјави министерот за здравство Бујар Османи.
Според него ќе се набават според потребата и ќе се распоредат низ сите јавни здравствени установи, а исто така ќе се набави и нов акцелератор кој треба да пристигне годинва на Клиниката за онкологија.
Османи изјави дека годинава од кампањи ќе премине во организиран скрининг на повикување на граѓаните за рано откривање на малигните заболувања каде жените од дома ќе можат да се јават и да закажат термин во соодветна јавна установа.
Пилот – проектот за скрининг ќе започне во четири града за да подоцна се прошири во целата држава. Продолжува и вакцинацијата против Хуман папилома вирус (ХПВ) за жените до 29 години.
Прашан за состојбата на онкологија каде има дефицит на патолози Османи изјави: „Клиниките се самостојни правни објекти кои што одлучуваат за распоредување на човечките ресурси. Ние директно ќе се вклучиме во делот на обуката и специјализацијата на кадарот кој што недостасува, но тоа е процес кој што трае.“
Министерството за здравство дало согласност за бројот на вработувања, но самата клиника одлучува од кој профил таа ќе прими нов кадар, потврди Османи.
„Во министерството сериозно се размислува за можниот одлив на стручњаци во приватното здравство, за сега се работи за најави. Јавниот сектор е во една нерамноправна битка, бидејќи ние не можеме да обезбедите толкави плати и работни услови и многу ми е жал што не можеме да ги задржиме во јавното здравство, но и без нив нема тоа да пропадне, изјави Османи за одливот на стручњаците од јавното здравство.
Запрашан за невршењето на ин витро процедури за овој месец на клиниката за гинекологија Османи одговори дека ако минатиот месец немало не значи дека од следниот месец нема да има двојно./крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

