Македонија
Учениците Македонци во Tетово се враќаат на настава
Учениците Македонци од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ од утре се враќаат на настава.
Учениците Македонци од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ од утре се враќаат на настава.
Ова е исходот од денешниот состанок, меѓу Советот на родители на учениците Македонци и Управата на гимназијата.
Договорено е да се обезбедат полициски патроли во критични термини, односно кога се менуваат двете смени, како и да се санкционираат одговорните за петочниот и вчерашниот инцидент.
Родителите побараа и да се изнајде трајно решение за просторот во кој ќе одвива наставата, бидејќи Македонците во моментот учат во барака, за која велат дека не е соодветна за настава.
Целта според нив не е создавање на етнички чисти смени, туку подобрување на условите и безбедноста на учениците.
„Крајна цел е нашите деца да имаат соодветна едукација според законите за образование во соодветни кабинет и со се она што им се следи законски. Сметам дека нашите претставници ќе разговараат не само за ова времено решение околу безбедноста туку и за барање на објекти за соодветно одржување на наставата, изјави Горан Синадиновски член на родителскиот совет.
Родителите велат дека овие инциденти немаат политичка заднина, но дека се случуваат континуирано.
„Инцидентите се случуваат секој ден, но пријавени се само потешките случаи, каде мора да реагира полицијата. Нам не ни е важно дали тепачките се меѓу Македонци и Албанци или само меѓу Албанците, нам ни е важно тепачки да престаната, изјави Бобан Николовски претставник на родителите.
Во меѓувреме, Управата на гимназијата му ветила на Советот на родители дека договореното ќе биде исполнето.
„Утре учениците ќе бидат в училиште, преземени се сите мерки против ученикот, што го предизвика инцидент и согласно статусот на училиштето, ќе добие мерка пред исклучување, изјави Бранкица Ристовска помошник на директорот на гимназијата.
Полицијата го открила идентитетот на предизвикувачот на петочниот инцидент и истиот бил повикан на информативен разговор, додека за вчерашниот инцидент постојат осомничени и по нив се уште се трага.Според договореното, учениците требаше уште денеска да се вратат на настава во втора смена, но најверојатно поради неинформираност, тоа ќе се случи утре. /крај/ач/ап/
Фото:Филип Поповски/Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Корисниците од село Орман денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Средба на Сиљановска-Давкова со професори од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со професори на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје за неопходноста од креирање национален модел на образовна и здравствена политика, во којшто ќе бидат вградени физичката активност и здравите навики кај децата и младите, како гаранција за физички и ментално здрава нација.
За таа цел, деканот на факултетот, Влатко Неделковски, продеканката за настава, Андријана Мисовски и професорите Иван Анастасовски и Серјожа Гонтарев ја запознаа претседателката со предлог проектот, односно со планираните истражувања и временската рамка во којашто ќе се одвиваат (2026-2028), очекуваните резултати и стратешката одржливост.

Соговорниците укажаа на загрижувачките последици од долготрајното седење, гледањето телевизија и прекумерната употреба на дигитални уреди врз здравјето на младите, очигледни во прекумерната тежина, зголемената анксиозност, социјалната изолација и пониската самодоверба.

Тие посочија на научно утврдените придобивки од физичката активност како: поголема мускулна маса, подобра меморија, повисока концентрација, смиреност, полесно учење, повисоки академски резултати.

Претседателката предлага посветување поголемо внимание на предметот Физичко образование во сите степени и форми на образование, од градинка до факултет, практикување интерактивна настава во природа, учење во движење.

Сите веруваат дека инкорпорирањето на физичката активност како неопходен елемент на образовниот процес ќе има силно влијание врз младите и нивниот префериран модел на живот, профилирајќи поактивни, поиздржливи, посвесни и поздрави генерации.
Македонија
До сабота претежно облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд
Облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
До сабота времето ќе биде претежно облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Во западните и јужните делови врнежите ќе бидат пообилни (локално над 30 l/m² за 24 часа). Од недела ќе има стабилизирање на времето.

