Македонија
Груевски подготвен да помогне при сузбивање говор на омраза

Премиерот е подготвен недвосмислено да помогне при секоја иницијатива за сузбивање на појави на говор на омраза, или навреди и дискредитации.
Премиерот е подготвен недвосмислено да помогне при секоја иницијатива за сузбивање на појави на говор на омраза, или навреди и дискредитации.
Ова попладнето го соопшти Владата по повод денешниот остар протест на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) со кој ја повика Владата да престане со мешање во работата на новинарите и да врши притисоци.
„Новинарството треба да се заштити од било какви обиди за напад и дискредитација, но исто така притоа треба да се води сметка и за индивидуалните права на изрекување на сопствено мислење“, се вели во соопштението.
Во соопштението се истакнува дека премиерот Груевски е постојано мета на напади, етикетирања и обиди за дискредитација, и оттука, добро ги разбира чувствата на сите засегнати од исти вакви обиди.
„Би сакале да потенцираме дека, доколку било кој претставник на институција изрече некаква навреда, клевета или невистина, засегнатото лице слободно може да упати пријава до институциите, согласно позитивните законски прописи“, се посочува во соопштението.
Исто така, како што се наведува во соопштението премиерот Груевски го осудува секој говор на омраза и осудува секакви навреди и етикетирања./крај/со/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Според СДСМ, надворешната политика доживува дебакл

Андреј Жерновски од СДСМ, на денешната прес-конференција ја оцени надворешната политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ како дебакл без ниту еден успех.
Жерновски изјави дека, по една година владеење, Македонија се соочува со „сериозно влошена меѓународна позиција“, без напредок на европскиот пат, без нови инвестиции и со зголемена царина од страна на САД. Според него, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски не остварил ниту еден договор или резултат на дипломатски план.
СДСМ ја критикува и состојбата со дипломатската мрежа, која, како што рече Жерновски, е „разурната, партизирана и нефункционална“, а Македонија се наоѓа „на периферијата на демократскиот свет“.
Како посебно загрижувачка точка беше истакната и заканата, како што наведуваат од СДСМ, за можно бришење на македонскиот јазик од Извештајот на Европскиот парламент, што партијата го поврзува со актуелната надворешна политика на МНР.
Жерновски рече дека за време на владеењето на СДСМ бил обезбеден македонскиот јазик во официјални документи на ЕУ, вклучително и договорот со ФРОНТЕКС, без фусноти и дополнителни објаснувања.
„Тој успех денес е доведен во прашање поради вазалската политика на Муцунски и неговиот шеф Мицкоски“, рече Жерновски.
На крајот, порача дека СДСМ ќе продолжи да се бори за враќање на Македонија на патот на меѓународни успеси, европска иднина и заштитен идентитет и јазик.
Македонија
(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај, при што сторителот незаконски се приклучил за да наводнува неколку илјади метри квадратни пластеници. За случајот е изготвена и поднесена кривична пријава.
Ваквите појави сериозно го нарушуваат водоснабдувањето во градот, особено во урбаните и руралните средини кои секојдневно се соочуваат со намален притисок и недостиг на вода. Покрај директната штета врз системот, сторителот избегнувал и плаќање за потрошена вода во висина од илјадници евра, нанесувајќи штета на Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“, соопшти Град Скопје.
Согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка, во јуни е забележана енормна потрошувачка на вода, која на одредени денови достигнала рекордни 356.000 м³. Тоа претставува околу 700 литри вода дневно по жител. Високата потрошувачка најчесто се должи на нерационално користење на вода – за наводнување, перење возила и полнење базени – дел од тоа и преку нелегални приклучоци.
Град Скопје апелира до надлежните институции, вклучително и МВР и Јавното обвинителство, активно да се вклучат во процесот на справување со дивите приклучоци и заштита на системот за водоснабдување. Се додава и дека неказнивоста води кон безредие, а граѓаните заслужуваат безбеден, редовен и правичен пристап до вода.
Македонија
(Видео) Мицевски: Кандидатите на СДС се истите од претходните избори, избрани по волја на Заев

Пратеникот и член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски, на прес-конференција одржана на 5 јули, изјави дека кандидатите на СДСМ за претстојните локални избори се истите кои се појавиле и во претходните два изборни циклуси.
Според него, тоа претставува доказ дека, како што рече, „Зоран Заев ги одбира кандидатите, а Венко Филипче ги потврдува“.
Мицевски ги посочи примерите на неколку актуелни кандидати, меѓу кои и кандидатот за градоначалник на општина Јегуновце, Дарко Блажевски, кој повторно е предложен од СДСМ. Тој го обвини Блажевски за неисполнети проекти и за, како што рече, „лична корист од ветените јавни проекти“.
„Во Јегуновце беше ветен културен дом, а на крајот стариот објект премина во негова сопственост“, рече Мицевски, додавајќи дека и во другите населени места, како Јанчиште и Жилче, дел од ветените проекти не биле реализирани додека Блажевски бил на функција.
Во своето обраќање, Мицевски оцени дека СДСМ се соочува со недостиг на нови и квалитетни кадри и затоа повторно ги кандидира истите лица. Тој додаде дека граѓаните, според ВМРО-ДПМНЕ, даваат поголема поддршка на нивните кандидати.