Македонија
НБМ ја намали каматната стапка за 0,5 процентни поени

Каматната стапка на благајничките записи ќе се намали од 8 отсто на 7,5 или за 0,5 процентни поени.
Каматната стапка на благајничките записи ќе се намали од 8 отсто на 7,5 или за 0,5 процентни поени.Оваа одлука е донесена на денешната седница на Советот на НБМ.
Сепак од Централната банка најавуваат дека со овој потфат се исцрпени ризиците за монетарната политика, стои во соопштението на НБМ.
Од Народната банка информираат дека во 2009 година падот на БДП се проценува на 1 отсто, наспроти претходно оценетото намалување од 1,6 проценти. Според новите проекции на Банката стапката на раст на БДП и во текот на оваа година ќе изнесува помеѓу 1 и 2 отсто.
Просечната инфлација од 0,8 проценти за 2009 не отстапува значително од претходно проектираната 0,6 %. Се очекува оваа година инфлацијата да се движи околу еден отсто.
Кредитниот раст на крајот на минатата година од 3,5 % ги надмина претходните оцени од 2,6 отсто. Како и во ноември и сега проекциите упатуваат на поголем простор за кредитирање оваа година. Проектираниот годишен раст за 2010 изнесува 9 отсто, наспроти претходно проектираните 6, 5 проценти, се вели во соопштението на НБМ.
Девизните резерви се на повисоко ниво од проектираното и обезбедуваат покриеност на увозот на стоки и услуги од 4,3 месеци.
Изгледите за надворешниот сектор за 2010 година и натаму се оценуваат како релативно поволни. Дефицитот во тековната сметка се очекува да изнесува 8,3 отсто од БДП и е понизок во однос на ноемвриската проекција ( 9,4%).
Според соопштението на НБМ, во услови на подобра позиција на билансот на плаќања од проектираната за 2009 и постабилни очекувања на домашните субјекти, на крајот на декември 2009 годишниот раст на паричната маса е повисок од проектираниот (6%, наспроти 2,3 %). На крајот на 2010, се очекува таа да изнесува околу 7,5 отсто, наспроти 6 % во претходната проекција . /крај/цо/ит/.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест.
„Полициската плата е составена од основна плата и зголемување од 30%. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на апелациониот суд Скопје со Апелационите судови од Битола и Гостивар кој го потврдуваат нашето барање. Протестот ќе започне пред судовите, ќе се одржат кратки говори и ќе се упатиме пеш кон судскиот совет“, велат од Независниот синдикат на полицијата.
Од таму најавија и прес-конференција исто така на раскрсницата кај Мавровка во 12.15 часот.
Македонија
Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот дел од корисниците од село Кучково кон Манастир, општина Ѓорче Петров;
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот дел од корисниците на улицата Гаврил Констатиновиќ (околу бр.57), општина Аеродром;
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски 17, 11 и други куќи во близина, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.