Македонија
ВМРО-ДПМНЕ:Црвенковски не се менува
Бранко Црвенковски не се менува. Тој не нуди програми, не нуди концепти, не нуди придобивки. Тој сее страв, поделба и омраза.
Бранко Црвенковски не се менува. Тој не нуди програми, не нуди концепти, не нуди придобивки. Тој сее страв, поделба и омраза. Ова се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со денешниот протест на плоштадот Македонија инициран од најавите за реализација на планот Скопје 2014.„Сакаме да ја информираме јавноста дека Бранко Црвенковски стои директно зад денешните протести, кои пак, ги организираат меѓу другото роднини на истакнати функционери на СДСМ. Протести на кои се демонстрираше вандализам и крајна некултура“, изјави Сашо Стефаноски од Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ. Според него, Црвенковски и СДСМ немаат кредибилитет да критикуваат ако некој гради објекти, затоа што не изградиле ништо во нивниот мандат.„Нивни градби, спомени на нивното време се дивоградбата Тифани, милионските куќи на Водно на транзициските профитер, олигарси и бизнисмени, кои сега имаат милиони евра во својот имот, а граѓаните и државата Македонија ништо“, вели Стефаноски.Тој додава дека Црвенковски во времето на неговото владеење уништи десетици фабрики, а негова градба е и недовршената пруга кон Бугарија. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

