Македонија
Хамарберг: Бугарските власти да воспостават дијалог со малцинствата
Бугарските власти да воспостават отворен, искрен и системски дијалог со претставниците на малцинствата, вклучувајќи го и македонското, во согласност со стандардите на Советот на Европа.
Бугарските власти да воспостават отворен, искрен и системски дијалог со претставниците на малцинствата, вклучувајќи го и македонското, во согласност со стандардите на Советот на Европа. Ова во извештај за Бугарија објавен денеска го препорачува Комесарот за малцински права на Советот на Европа, Томас Хамарберг. Тој констатира дека, поради неможноста да се регистрира партијата ОМО Пирин – ПИРИН пред бугарските судови, загрозена е можноста за слободно организирање на граѓаните по етничка основа. Хамарберг во извештајот ги наведува сите досегашни забрани за регистрација на партијата пред бугарските судови, вклучувајќи ја и последната на Касацискиот Суд во Софија од мај 2009-та година, кога беше потврдена одлуката на првостепениот суд да не ја регистрира партијата. Тој ги набројува и неколкукратното непочитување на одлуки на Судот за човекови права во Стразбур во однос на регистрацијата на партијата на Македонците. „Со цел да се заштити единството и интегритетот на државата, член 11 од Уставот на Република Бугарија забранува постоењето на политички партии на етничка, расна или верска основа. Комесарот е свесен за загриженоста изразена од страна на Венецијанската комисија и Европската Комисија против расизам и нетолеранција дека овие одредби можат да се искористат за да се спречи организирање на малцинските групи врз лингвистичка, етничка или верска основа. Комесарот потсетува дека европскиот суд за човекови вели дека ограничувањата на правата на слобода на асоцијација или здружување мора секогаш да бидат сразмерни со одредените цели и дека судот смета дека Бугарија ја прекршува конвенцијата во случаите во кои е застапено македонското малцинство“, се вели во извештајот на комесарот Хамарберг. Поради ваквата состојба, Хамарберг повикува на отворен дијалог меѓу бугарските власти и малцинските групи, со цел соодветна примена на стандардите на Советот на Европа. Како загрозени етнички групи, покрај македонската, Хамарберг во извештајот ги наведува Ромите, Турците, Помаците. Особено се нагласуваат суб-страндардните услови во кои живее ромската популација. Повикува и на подобрување на заштитата на првата на децата, како и на условите во образовниот систем. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
Македонија
Министерството за здравство ги кани на соработка нашите лекари кои работат во странство
Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на МЗ од денес е активиран електронски модул на кој лекарите кои моментално работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем.
-Во рамки на нашите заложби за дигитализација во здравството, овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање профили и експертизи кои може да придонесат во нашиот здравствен систем. Меѓусебната соработка со овие лекари е предвидено да опфати обуки, едукации, менторство, консултации или проектна поддршка, како и други стручни ангажмани. Во оваа прилика ги повикувам да се пријават нашите лекари кои работат во странски медицински центри, лекари кои се на специјализација или супспецијализација во странство, или лекари кои се ангажирани во странски академски и научно-истражувачки установи, потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.
Пријавувањето се врши исклучиво преку електронскиот модул на веб-страницата на Министерството за здравство, по што Министерството ќе ги контактира лекарите за конкретна соработка што одговара на нивниот профил.
Во електронскиот модул насловен „Лекари од дијаспората“ предвидено е лекарите да пополнат повеќе лични и професионални податоци, детали за клучните области на експертиза, лиценци, сертификати, листа на публикации, како и сегменти на соработка за кои изразуваат интерес.

