Македонија
Побезбеден интернет за децата
Преземањето на лични податоци на интернет се дел од опасностите со кои се соочуваат децата при користење на интернет.
Преземањето на лични податоци на интернет се дел од опасностите со кои се соочуваат децата при користење на интернет. Децата секојдневно ги демнат таканаречените предатори, луѓето кои ги злоупотребуваат податоците на интернет или се претставуваат со различна возраст.
Ова е заклучокот од Форумот за безбедност на децата на интернет.
Министерството за образование потпиша меморандум со Мајкрософт за соработка по повод Европскиот дена за побезбеден интернет.
„Една од најсовремените технологии на денешницата е токму интернетот кој и овозможува на популацијата да дојде до пристап до најразлични содржини во функција на образованието на луѓето , во функција на осознавањето на различни области, побрзо пребарување, учење“ рече во своето обраќање Министерот за образование, Никола Тодоров.
„Но многу често може да се дојде до несакани последици во развојот кај младата популација и поради тоа потребно е сите ние да се насочиме и да им овозможиме безбедно користење на интернетот во функција на нивниот развој“ додаде Тодоров.
Марјан Стоилковски од секторот за криминал при МВР вели дека доколку дојде до злоупотреба на интернет, случајот треба да се пријави пријават во МВР . /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

