Македонија
99 нови случаи на Ковид-19 и тројца починати во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 4.284 тестови, а регистрирани се 99 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 54, Битола – 23, Штип – 6, Тетово, Велес, Охрид и Кичево по 3 и по еден заразен од Прилеп, Кавадарци, Гевгелија и Радовиш.
Од вкупниот број на позитивни (99), регистрирани се 13 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се и три смртни случаи: 2 починати лица од Скопје (71 и 88 години) и едно починато лице од Прилеп (39 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се регистрирани 2 починати лица од Радовиш (88) и Кичево (55). Од нив, едно лице е починато во домашни, а едно во болнички услови, во периодот од 23 до 30. март годинава.
Во последното деноноќие регистрирани сe 148 оздравени пациенти од: Скопје – 80, Битола – 26, Велес и Гостивар по 7, Кавадарци – 5, Штип – 4, Охрид и Гевгелија по 3, Куманово, Кочани, Струга и Неготино по 2 и по еден оздравен од Струмица, Ресен, Делчево, Виница и Пробиштип.
Направените 4.284 тестови се преку: ИЈЗ-90, ЦЈЗ Скопје-45, ЦЈЗ Битола-55, ЦЈЗ Прилеп-5, ЦЈЗ Тетово-11, ЦЈЗ Куманово-27, Судска медицина-1, Институт за микробиологија–52, Жан Митрев (Филип Втори)-50, Авицена-87, Биотек-110, Систина-105, лабораторија Лаор-28, Синлаб-8, Ремедика-7, Плодност-8, Генеа-87, Никоб Лаб-348, ВФВ Медикал-18, Ели Медика Плус-54, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-21, Рапид Лаб–68, Жан Митрев Струмица–7, Нова Лаб Дијагностика–23, Рамус-40, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.928.
Досега во земјата се направени вкупно 2.007.553 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 309.062, бројот на оздравени пациенти е 299.064, на починати е 9.271, а бројот на активни случаи изнесува 727.
Според епидемиолошките анализи, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 145263, Активни 394
Куманово 16615, Активни 7
Битола 15216, Активни 124
Прилеп 14122, Активни 39
Тетово 13447, Активни 15
Кавадарци 10610, Активни 17
Велес 9752, Активни 28
Гостивар 9575, Активни 11
Охрид 8824, Активни 22
Струмица 8047, Активни 13
Штип 8008, Активни 11
Кичево 5605, Активни 9
Кочани 5070, Активни 0
Струга 4715, Активни 6
Гевгелија 4398, Активни 3
Неготино 3675, Активни 5
Ресен 2711, Активни 1
Свети Николе 2624, Активни 1
Радовиш 2528, Активни 3
Крива Паланка 2413, Активни 0
Делчево 1971, Активни 3
Дебар 1673, Активни 0
Берово 1645, Активни 5
Валандово 1485, Активни 5
Виница 1388, Активни 1
Пробиштип 1265, Активни 0
Богданци 1019, Активни 0
Кратово 962, Активни 0
Крушево 926, Активни 1
Демир Хисар 828, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 592, Активни 1
Македонска Каменица 523, Активни 1
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 345, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре без струја повеќе делови на Скопје

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:
од 08:30 до 12:00 часот, дел од корисниците лоцирани на патот од с. Сопиште кон с. Горно Соње. (Општина Сопиште)
од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците од дел од бул. ВМРО (спроти Пошта). (Општина Центар)
од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Илија Димовски – Гоче. (Општина Аеродром)
Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците: 1513, 1515 и крак 2 од ул. Саса во нас. Пинтија. (Општина Карпош)
од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од викендиците во с. Побожје. (Општина Чучер Сандево)
од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од с. Бардовци, (место викано Рупа). (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утре без вода делови на Центар, Кисела Вода и Сарај

Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф -80 мм на ул. Јордан Хаџиконстантинов Џинот бр. 21, утре од 8:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, како и дел од бул. Илинден и дел од ул. Аминта Трети (потегот околу градски парк), (општина Центар)
Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф -100 мм на ул. Димо Хаџидимов бр. 64, од 9:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, како и дел од ул. Божидар Аџија и ул. Михаил и Ефтихиј (општина Кисела Вода)
Поради замена на затворачи во резервоарот за питка вода во с. Копаница, од 7:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од селата: Копаница и Буковиќ (општина Сарај)
Македонија
По третпат не дојдоа Камчеви за да сведочат за милионот

Граѓанскиот суд по третпат ќе се обиде да ги најде сведоците со кои бизнисменот Орце Камчев ќе се обиде да докаже дека дал 1,5 милиони евра на тужените Бојан Јовановски – Боки13 и Катица Јанева. Сметководителката во фирмите на Камчеви, Мирјана Бошковска, сопругата на бизнисменот, Ана Камчева, мајката Ратка Куновска-Камчева и сестрата Кристина Камчева-Стојческа ниту на денешното рочиште не дојдоа.
Сега, обврска да ги извести за терминот на следното рочиште зеде адвокатот Кристина Стојменова. Одлагање на рочиштето не им се допадна на адвокатите кои ги застапуваат Јовановски и Јанева. Судијата Андреј Димовски, сепак, остави уште една шанса за Камчеви и сметководителката да дојдат на судење.
„ Се закажува рочиште за 6.6.2022 година, кога доказната постапка ќе продолжи со сослушување на сведоците“, кажа судијата Димовски.
Катерина Петкова, адвокат на Боки 13, сметаше дека повеќе судот не треба да ги чека сведоците. Според неа, тие не го оправдале нивното отсуство, за да им се даде нов термин да сведочат.
„Тужителот имал можност да ги извести за закажаните судења и да го обезбеди нивното присуство“, кажа Петкова.
Бојан Јовановски – Боки 13 пак, бурно реагираше. Според него, одложувањата на рочиштата е со цел да се прибави предметот од Врховен суд, а сведоците да се потсетат што кажале кога се судел предметот „Рекет“, за истото да го повторат.
„Очигледна е потребата за потсетување на сведоците на она што го кажале во кривичниот суд, бидејќи тој што не ја говори вистината брзо заборава што кажал“, кажа Боки 13.
Реакција против одлагањето на рочиштето имаше и од државниот правобранител Фитим Касапи.
Новото рочиште е закажано за една недела.