Македонија
Интернет со брзина на светлината, три месеци без доплата
Македонски телеком подготви неверојатна понуда која на корисниците им овозможува да ги почувствуваат привилегиите од светската револуционерна технологија – оптика до домот.
Македонски телеком подготви неверојатна понуда која на корисниците им овозможува да ги почувствуваат привилегиите од светската револуционерна технологија – оптика до домот.
Со 3 Max Optic или Call & Surf Optic пакетите корисниците добиваат неограничен интернет сообраќај со симетрична брзина и до 40 мегабита во секунда и може да се преземаат, испраќаат или гледаат филмови, музика, слики, да се играат мрежни игри или преземаат најнови софтверски апликации.
Оваа нова револуционерна технологија ќе им биде достапна и на новите, но и на постоечките корисници.
Можноста да се проба оптиката три месеци без доплата, важи до 31 март 2010 година, а за најбрзите корисници следува подарок безжичен рутер, бесплатна втора телефонска линија со посебен број и бесплатна инсталација на опремата.
Optic пакетите засега се достапни во неколку реони во Скопје. Во текот на оваа година, Македонски Телеком планира да ја прошири оптичката мрежа во повеќе реони во Скопје и во други градови низ Македонија./крај/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

