Македонија
Вкупно 29 години затвор за обвинетите за грабежот на Прокредит банка
По осум години затвор за Флорим Малоку, Авдиљ Тахири и Идриз Рустеми и пет години за Бислим Тахири за грабежот на Прокредит банка, пресуди во четврток Основниот суд 1 во Скопје.
По осум години затвор за Флорим Малоку, Авдиљ Тахири и Идриз Рустеми и пет години за Бислим Тахири за грабежот на Прокредит банка, пресуди во четврток Основниот суд 1 во Скопје.
Пресудата ја слушнаа само двајца обвинети, Малоку и Тахири, додека другите двајца се во бегство.За време на судскиот процес Малоку и Тахири, тврдеа дека полицијата направила грешка и дека не се виновни.
Според обвинението, во групата која го изведе спектакуларниот грабеж пред десет месеци, имало и други разбојници кои засега се непознати.
Грабежот на Прокредит банка се случи во центарот на Скопје, среде бел ден кога беа украдени 50 илјади евра.
Во престрелката со сообраќајната полиција беа повредени тројца, додека траеше грабежот во банката, криминалците полесно повредиле двајца клиенти. /крај/канал5/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

