Македонија
НД: Косово да се претстави како сосед во македонските учебници
Косово да биде претставено како сосед на Македонија во учебниците за четврто одделение, побараа денеска од Нова Демократија (НД).
Косово да биде претставено како сосед на Македонија во учебниците за четврто одделение, побараа денеска од Нова Демократија (НД). Од партијата прашуваат зошто во учебникот по предметот „Општество“ за четврто одделени, печатен во 2009-та на македонски и албански јазик, Србија е наведена како единствен северен сосед на Македонија. Нарекувајќи ја уште една грешка од страна на Министерството за образование и наука, од НД побараа веднаш да се испечати ново издание во кое Косово ќе биде наведено како сосед на Македонија. „Нова Демократија итно бара од Министерството за образование и наука да го повлече од употреба овој учебник и да им се извини на граѓаните Албанци за потценувањето што им го направи со тоа што дозволи да се објави учебник каде Косово не е наведено како еден од соседите на Македонија. Децата, било тоа да се Aлбанци или Mакедонци, треба да се образуваат и да знаат точно кои се соседите на државата во која живеат, а тоа понатаму може да биде само од нивна корист“, изјави Ѓуљумсер Касапи на денешната прес-конференција на НД. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

