Македонија
Јенсен: Мора да го решите проблемот со името, тоа е животната вистина
Проблемот со името е неприфатлив и несфатлив, но мора да го решите доколку сакате да станете дел од евро-атлантските структури.
Проблемот со името е неприфатлив и несфатлив, но мора да го решите доколку сакате да станете дел од евро-атлантските структури. Ова денеска во Скопје го порача поранешниот Министер за надворешни работи на Данска, Уфе Елеман Јенсен. „Ќе ви кажам нешто што на многумина нема да им се допадне. Верувам дека на тој начин постапувам како вистински пријател на Македонија и Македонците: Ќе ве држат далеку од структурите во кои сакате да влезете сè додека не се реши прашањето за името. Тоа е неприфатливо, несфатливо е, се коси со здравиот разум и заедничките европски и атлантски интереси. Но така стојат работите. Тоа е животната вистина“, порача Јенсен. Поранешниот шеф на данската дипломатија денеска беше одликуван со Орденот ‘’8 септември’’ од страна на Претседателот Ѓорге Иванов, за исклучителен придонес во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката меѓу Македонија и Данска, како и заради неговиот придонес во јакнењето на меѓународната положба и углед на нашата држава. „Иако живеете толку далеку од Балканот, Вие ја чувствувате и ја споделувате со нас неправдата што ни е нанесена. За мене, како и за Вас, не постојат никакви дилеми за тоа каде Република Македонија оди и каде припаѓа. На Република Македонија соочена со вакви апсурдности, нелогичности и непринципиелности отсекогаш и требале луѓе со визии. Вие господине Јенсен сте човек за големи идеи и визии. Вие сте човек кој во континуитет помагавте и застанавте на страната на вистината“, рече Претседателот Иванов. Јенсен функцијата Министер за надворешни работи на Данска ја извршуваше во периодот од 1982-та до 1993-та година. По негова заслуга, Данска беше меѓу првите држави што ја призна независноста на Македонија на 16 декември 1993-та година. Во неколку наврати, за време на извршувањето на функцијата и потоа, ја критикувал Грција поради нејзината политика кон Македонија. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците на ул. Хелсинки од бр. 22 до бр. 36, општина Карпош.
Македонија
Следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од денеска во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.
Македонија
Општина Чаир: Утре ќе се одржи комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи
Комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи ќе се одржи во вторник, 2 Декември 2025 година, во 13:00 часот, во општина Чаир.
„Овој момент на сеќавање има за цел да го пренесе поширокото културно и институционално признание за неговото дело и за влијанието што го остави во албанската музичка уметност.
Паралелно, книгата за сочувство ќе биде поставена во просториите на Општината и ќе биде отворена од вторник до петок, за сите граѓани и претставници на уметничката заедница кои сакаат да го изразат своето сочувство“, велат од општина Чаир.

